From Wikipedia, the free encyclopedia
Ревматоидниот артритис е хронична и прогресивна автоимуна болест која предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата на различни зглобови.
Ревматоиден артритис | |
---|---|
Дланка со напредна форма на ревматоиден артритис. Овој степен на оток и деформација обично не се јавува со тековниот третман. | |
Специјалност | Ревматологија, имунологија |
Симптоми | Топли, отечени, болни зглобови[1] |
Компликации | Анемија, плеврит, перикардит[1] |
Вообичаена појава | Средна возраст[1] |
Времетраење | Доживотно[1] |
Причинители | Непознати[1] |
Дијагностички метод | Врз основа на симптомите, снимки, крвни тестови[1][2] |
Диференцијална дијагноза | Системски лупус еритематозус, псоријатичен артритис, фибромијалгија[2] |
Лекови | Аналгетици, стероиди, нестероидни антиинфламаторни лекови, болест-модифицирачки антиревматски лекови[1] |
Честота | 0.5–1% (од возрасните во развиените земји)[3] |
Смртни случаи | 30,000 (2015)[4] |
Воспалението почнува во зглобната мембрана која го штити зглобот, обезбедува исхрана за 'рскавицата и ја создава зглобната течност. Во светот, од оваа болест страда 1% од населението при што односот меѓу жените и мажите е 3:1. Постојат два вида артритис: ран, каде симптомите траат помалку од три месеци, и дијагностициран ревматоиден артритис со симптоми на инфламација и отекување на зглобовите.[5]
Најчести главни симптоми се болката и вкочанетоста на зафатениот зглоб. Вкочанетоста кај активниот ревматоиден артритис типично се влошува наутро, но може да се појави било кога и да трае од еден до два часа, па и цел ден. Други симптоми кои се појавуваат кај ревматоидниот артритис се:[5]
Имунолошкиот систем создава антитела кои служат за одбрана од бактерии, вируси и други микроорганизми. Кај луѓето со ревматоиден артритис формираните антитела го напаѓаат синовиумот (ткиво кое го обвиткува секој зглоб) при што настанува воспаление околу зглобот. Пушењето цигари и пиењето повеќе од три кафиња на ден, исто така, го зголемува ризикот од појава на ревматоиден артритис. Истражувачите уште немаат пронајдено јасни податоци кои ќе покажат постоење на наследни гени што предизвикуваат ревматоиден артритис, но се верува дека се наследува склоност за заболувања од ревматоиден артритис, но тоа не значи дека болеста е наследна. Кај луѓе кои наследиле таква предиспозираност, поголема е веројатноста некои надворешни фактори, како инфекција или стрес да ја предизвикаат појавата на болеста.[5]
Најчесто зафатени зглобови се малите зглобови на прстите, палците, рачните зглобови, стапалата и глуждовите. Меѓутоа може да биде зафатен и било кој друг зглоб, исто така и колената се често зафатени. Кај одредени луѓе можат да бидат зафатени само мал број на зглобови, а кај други со воспаление можат да бидат заатени голем број на зглобови. Артритисот најчесто е симетричен, т.е. ако е зафатен еден зглоб на левата рака, исто така е зафатен и истиот зглоб на другата рака.[5]
Во повеќето случаи симптомите се развиваат постепено, во тек на неколку недели. Може да се случи појава на вкочанетост на рацете, прстите или табаните на нозете наутро и тоа да трае половина ден. Тоа може да се појави и да се смири за одредено време, но понатаму станува редовна практика. Потоа се забележува и појава на болка и оток во истите зглобови.
Не постои единствен тест со кој јасно се дијагностицира ревматоидниот артритис. Кога најпрво ќе се развие зглобната болка, тешко е да се каже дека дефинитивно станува збор за ревматоиден артритис, бидејќи постојат многу други причини за појава на болка во зглобовите. Крвните тестови можат да препознаат воспаление, карактеристични антитела и анемија. Сепак потребна е консултација со лекар-ревматолог кој може да потврди дали станува збор за болеста.
Третманот на овој артиртис е поединечен и вклучува комбинација на лекови, одмор и вежби. Најчесто користен лек со кој започнува терапијата на ревматоидниот артритис е метотрексат, важно е болните со ревматоиден артритис е терапијата редовно да ја земаат, независно од видот на цената на терапијата. Болките во зглобовите може да се намалат со практикување лесни вежби за истегнување, со цел да се зацврстат мускулите (пливање или аеробик). Треба да се избегнуваат тешки и напорни вежби кои само можат да ја влошат состојбата на зглобовите или да предизвикаат повреди.[5]
Оптималната исхрана за лица со ревматоиден артритис вклучува изобилство на зеленчук, интегрална храна и растителни влакна. Намалувањето или елиминирањето на внесот на производи од животинско потекло, рафинирани јагленихидрати, заситени масти и тутун ги намалуваат симптомите. Заситените масти го зголемуваат воспалението на телото и предизвикуваат болка, оток и оштетувања на зглобовите. За да се намали воспалението се препорачува конзумирање на многу овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси. Богати извори на антиоксиданси се: јаболко, цвекло, брокула, боровинка,малина, портокал, црно грозје, спанаќ и јагоди. Зелениот чај е уште еден богат извор на антиоксиданси и се проучува за спречување и за намалување на болеста.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.