![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/49/Theodosius_I%2527s_empire.png/640px-Theodosius_I%2527s_empire.png&w=640&q=50)
Распад на Римското Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западното Римско Царство е името на западната половина на Римското Царство по административната поделба што ја вовел Диоклецијан во 285 година. Овој термин се однесува на западната половина на царството во периодот помеѓу смртта на царот Теодосиј I во 395 година и симнувањето од престолот на западноримскиот цар Ромул Августул во 476 година кое го извел водачот на варварските наемници во Италија, Одоакар. На практика, Римското Царство било едно и единствено и по 286, односно 395 година. По 286 година, со царството управувале неколку владетели најчесто едниот на исток другиот на запад. Теоретски гледано последен владетел на соединетото царство бил Теодосиј I кој во 395 го поделил царството на своите два сина, на постариот Аркадиј му го оставил источниот дел, а на помладиот Хонориј западниот. По ова, царевите на западот владееле прво од Милано, а по 402 година и до Равена. После 407 година, започнало брзо слабеење на Западното Римско Царство насред навалата на варварите кои почнале да се населуваат во внатрешноста на царството и да го делат меѓу себе. Во 455 година власта на западноримскиот цар била само во Италија, а на 4 септември 476 година Ромул Августул бил симнат од власт. Последен цар со титулар бил Јулиј Непот кој умрел во Далмација во 480 година. Во 476, односно 480 година, варварските владетели на Западот како Одоакар и Теодорих ја признале власта на римскиот цар од Цариград, но владееле како независни владетели. Источноримскиот цар Јустинијан I пробал во 6 век да ја обнови римската власт на Западот и неговите војсководци ја зазеле Италија, Африка и средоземното крајбрежје. Меѓутоа овој потфат бил краток иако византиското присуство во Италија се чувствувало сè до 1071 година. Накратко после симнувањето на Ромул Августул од власт римската власт во Западна Европа била сè повеќе фиктивна отколку вистинска, така што 476 година традиционално се смета за почеток на нова историска епоха - средниот век.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/49/Theodosius_I%27s_empire.png/320px-Theodosius_I%27s_empire.png)