Пушка — лично огнено оружје што се користи во воени цели, за лов или за забава. Пушката се состои од цевка, механизам за пукање и кундак.
Првите пушки се полнеле со барут низ цевката при што полнењето се вршело по секое испалување на проектилот. Со појавата на куршумот со барутно полнење брзината на пукање значително се зголемила. Пушките на производителот „Ремингтон“ биле првите пушки во кои биле складирани повеќе куршуми при што репетирањето се одвивало многу брзо.
Во книжевноста
„Манлихер“ — песна на полскиот поет Владислав Боњевски.[1]