планина во Индонезија From Wikipedia, the free encyclopedia
Пунчак Џаја (индонезиски: Puncak Jaya) или Карстенсова Пирамида (холандски: Carstenszpyramide) — планина во венецот Судирман во западниот дел од покраината Папуа во Индонезија. Со 4.884 м надморска височина, Пунчак Џаја е највисока планина во Индонезија, највисока на островот Нова Гвинеја (каде влегува и Папуа Нова Гвинеја), највисока во Океанија и петта по висина во Југоисточна Азија. Со ова, планината е највисоката точка помеѓу Хималаите и Андите, како и највисокиот островски врв на светот. Според други извори, највисока планина во Океанија е Вилхелм (4.509 м), доколку се земе дека Индонезија ѝ припаѓа Азија.[1]
Пунчак Џаја | |
---|---|
Puncak Jaya | |
Поглед на Пунчак Џаја | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4884 м |
Истакнатост | 4884 м 9-ти |
Заведена како | седум врвови, највисока во земјата, ултра, рибу |
Друго име | Puncak Jaya |
Географија | |
Матичен венец | Судирман |
Искачување | |
Прво освојување | 1936 (Колејн, Дози и Виселс) 1962 (Харер, Темпл, Кипакс и Хејзенга) |
Најлесен пат | искачување по карпи/снег/мраз |
На 4 км од планината е сместен рудникот на Грасберг — најголем рудник на злато и трет најголем рудник на бакар во светот.
Висорамнината околу планината била населена пред доаѓањето на европските истражувачи. Месното население ја нрекувало планината „Немангкави“. Прв дојденец што ја забележал планината бил холандскиот истражувач Јан Карстенс во 1623 г. Во негова чест врвот подоцна го добила името „Карстенсова Пирамида“.[2] Овој настан останал непотврден повеќе од два века, а Карстенс во Европа бил дочекан со потсмев кога соопштил дека наишол на снег близу екваторот.
Прв до планината дошол Карстенсовиот сонародник Хендрик Лоренц со шестмина Дајаци од Борнео.[3] По него е наречен Националниот парк Лоренц во кој спаѓа планината.
Во 1936 г. е спроведена холандската „Карстенска експедиција“, но стручњаците не успеале да утврдат кој од трите врва е највисок. Антон Цолејн, Жан Жак Дози и Фриц Висел ги искачиле двата врва, но поради невреме не успеале да се качат на Карстенсовата Пирамида.[4]
Највисокиот врв е искачен дури во 1962 г. од експедицијата предводена од австрискиот планинар Хајнрих Харер (Филип Темпл, Расел Кипакс и Албертус Хејзенга).
Кога покраината преминала во Индонезија (1963), планината го добила името „Пунчак Сукарно“ (Puncak Sukarno), во чест на првиот претседател на државата. Подоцна го добила сегашното име „Пунчак Џаја“ што значи „врв на победата“.
Иако самиот врв нема мраз, на падините има неколку ледници како што е Карстенсовиот Ледник, Запдниот Северноѕиден Снежник, Источниот Северноѕиден Снежник и неодамна исчезнатиот Меренски Ледник во Меренската Долина.[5] Со завршувањето на малото ледено време (од 1850-тите наваму), ледниците се повлекуваат и исчезнуваат. Процесот е особено забрзан во последните неколку децении. Во 2010 г. е утврдено дека се топат со стапка од 7 м во дебелина годишно и дека треба да ги снема до 2015 г.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.