Прва флота — флота од 11 брода со кои биле превезени првите европски доселеници во Австралија. Оваа флота ја сочинувале два брода на Кралската морнарица, три брода за складирање и шест транспортери на осуденици. На 13 мај 1787 година, флотата под команда на капетанот Артур Филип, со преку 1400 луѓе (осуденици, маринци, морнари, административни службеници и слободни граѓани), тргнал од пристаништето во Портсмут во Англија на пат долг 24000 километри и му требале повеќе од 250 дена за да стигне во Ботаничкиот Залив во Нов Јужен Велс, каде што казнената колонија ќе стане првата европска населба во Австралија.

Thumb
Првата флота влегува во Порт Џексон, 26 јануари 1788 година, литографија од Едмунд ле Бихан

Историја

Џон Монтагу, заедно со претседателот на Кралското друштво, сер Џозеф Бенкс (угледен научник кој патувал до Австралија заедно со Џејмс Кук во 1770 година), се залагале за основање на британска колонија кај Ботаничкиот Залив во Нов Јужен Велс. [1] [2] Американскиот лојалист Џејмс Матра изработил нов план за колонизација на Нов Јужен Велс во август 1783 година, и ги навел причините за колонизација составена од американски лојалисти, Кинези и жители на Јужноморските Острови (но не и осуденици).[3] Одлуката за основање колонија во Австралија била донесена од Томас Тауншенд како државен секретар во Министерството за внатрешни работи.[4] Одлуката ја донел од две причини: за да се запре транспортот на криминалци во Северна Америка по Американската револуција,[5] како и потребата од база во Тихиот Океан која ќе се спротивстави на француската експанзија.

Во септември 1786 година, капетанот Артур Филип бил назначен за командор на флотата, која станала позната како Првата флота. По пристигнувањето, Артур Филип требало да биде назначен за Генерален капетан и Главен гувернер на новата колонија.[6][7][8][9][10]

Патување

Флотата го напуштила Портсмут на 13 мај 1787 година.[11] На 3 јуни 1787 година, флотата се закотвила во Санта Крус на Тенерифе.[11] На 10 јуни тие испловиле за да го преминат Атлантикот до Рио де Жанеиро,[11] за да ги искористат поволните пасати и морските струи. Флотата стигнала во Рио де Жанеиро на 5 август и останала еден месец.[11]

Флотата го напуштиla Рио де Жанеиро на 4 септември и се упатила кон Тејбл Беј во јужна Африка, каде стигнал на 13 октомври.[12] Ова била последната попатна станица, па требало да се складираат растенија, семиња и добиток за нивното пристигнување во Австралија.[13]

Осуденичките од бродот Пријателство биле преместени на други бродови за да се направи простор за добитокот купен таму. На осудените им било обезбедено свежо говедско и овчо месо, леб и зеленчук, за да имаат сила за патувањето и за да го зачуваат здравјето.[13]

Пристигнување во Австралија

Thumb
Првата флота пристигнува во Порт Џексон, 27 јануари 1788 година, од Вилијам Бредли, офицер на ХМС Сириус .

На патот кон Тасманија, флотата била поделена на 3 групи бродови — според брзината. Затоа, тие не стигнале во Ботаничкиот Залив во исто време, туку во периодот од 18 до 20 јануари 1788 година.

Набрзо сфатиле дека Ботаничкиот Залив не е каков што го опишал Џејмс Кук.[14] Заливот бил отворен и незаштитен а водата преплитка за бродовите да можат да се закотват блиску до брегот; свежа вода речиси и немало, а почвата со слаб квалитет.[15] Се направил и првиот контакт со локалното домородно население — Еора која изгледала љубопитно, но сомничаво кон новодојденците.

Иако на Артур Филип му било наложено да ја основа колонија во Ботаничкиот Залив, тој имал овластувања да основа колонија на друго место ако е потребно.[16]

На 21 јануари, Артур Филип со својата група го напуштил заливот со три мали чамци за да ги истражат другите заливи на север [17] Филип открил дека Порт Џексон, кој се наоѓал на околу 12 километри северно од Ботаничкиот Залив, е одлично место за колонија со заштитени пристаништа, свежа вода и плодна почва.[17] Кук го видел и именувал местото, но не влегол во него.[17]

На 26 јануари 1788 година, флотата го кренала сидрото и отпловила кон Порт Џексон.[11] Филип местото го нарекол Сиднеј Коув, по лордот Сиднеј, британскиот министер за внатрешни работи.[17] Овој датум се слави како Ден на Австралија, и го означува почетокот на британската колонизација.[18] На местото било поставено британското знаме со што и официјално станало британска сопственост.

Наводи

Поврзано

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.