Појадок кај Тифани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Појадок кај Тифани (англиски: Breakfast at Tiffany's) - американски филм од 1961 година, во режија на Блејк Едвардс, по сценариото на Џорџ Акселрод, засновано врз книгата на Труман Капоти. Главните улоги ги толкуваат Одри Хепберн, Џорџ Пепард, Мики Руни, Патриша Нил, Бади Ебсен и Мартин Балзам. Портретот на Холи Голајтли како наивен, но ексцентрична девојка се смета за најпознатата и најнезаборавната улога на Одри Хепберн, а и таа самата изјавила дека таа била најпредизвикувачката улога во нејзината кариера, бидејќи играла екстровертна личност, иако по природа била интровертна. Песната „Месечева река“ (Moon River) која во филмот ја пее Одри Хепберн, им ја донела наградата „Оскар“ на композиторот Хенри Мансини и на текстописецот Џони Мерсер, а филмот бил номиниран за „Оскар“ во шест категории.[2] Според Мансини и Едвардс, претставниците на студиото толку ја мразеле песната што барале веднаш да биде исфрлена од филмот, но Хепберн, која била присутна во мигот кога била донесена оваа одлука, извикнала: „преку моето мртво тело“. Филмот останал запаметен и скапата облека на Живенши што ја носи Хепберн,[2] како и по сликата на тенката Хепберн со носач на цигара во раката, несомнено една од иконските слики во американската филмска историја.
„Појадок кај Тифани“ | |
---|---|
Филмски постер од 1961 | |
Режисер | Блејк Едвардс |
Продуцент | Мартин Џуроу и Ричард Шепард |
Сценарист | Труман Капоти (роман) Џорџ Екслрод (сценарио) |
Главни улоги | Одри Хепберн Џорџ Пепард Патриша Ник Бади Ебсен Мики Руни |
Музика | Хенри Мансини |
Кинематографија | Франц Планер и Филип Х. Лаптроп |
Монтажа | Хауард А. Смит |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | 5 октомври 1961 |
Времетраење | 114 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $2,500,000 |