![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/32/Zwei_zigaretten.jpg/640px-Zwei_zigaretten.jpg&w=640&q=50)
Цигара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Цигарата претставува мала ролна од тенка хартија, во форма на цилиндaр, во која има завиткано прецизно исечени ливчиња тутун. Цигарата се пали на едниот крај и почнува да гори; димот се вдишува од другиот крај, кој се држи во или до устата, а понекогаш се користи и држач за цигари (чибук). Современите цигари содржат филтер и се направени од преработен тутун и други адитиви.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/32/Zwei_zigaretten.jpg/320px-Zwei_zigaretten.jpg)
Поимот цигара се употребува често и се однесува на цигара која содржи тутун, но понекогаш се употребува и за цигари кои содржат други билки, како на пример каранфилче и канабис. Цигарата се разликува од пурата по тоа што е помала, направена е од преработени ливчиња тутун и е завиткана во бела хартија (иако понекогаш хартијата може да е и во друга боја). Пурите најчесто се направени од цели ливчиња тутун.
Откако првпат влегле во широка употреба во средината на 19-иот век, размерот на употреба на цигарите постојано варира и значително се менува во текот на историјата. Додека бројот на пушачи се стабилизирал или опаѓал во развиениот свет, тој продолжува да расте кај нациите во равој.