![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5f/Nobel_Prize_24_2013.jpg/640px-Nobel_Prize_24_2013.jpg&w=640&q=50)
Питер Хигс
британски физичар и нобеловец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Питер Вер Хигс (англиски: Peter Ware Higgs; 29 мај 1929 - 8 април 2024 ) — британски теориски физичар, нобеловец и почесен професор на Единбуршкиот универзитет.[3][4]
Питер Хигс Peter Higgs | |
---|---|
![]() Хигс во 2013 г. | |
Роден(а) | Питер Вер Хигс 29 мај 1929(1929-05-29) (95 г.) Њукасл, Англија |
Починал(а) | 8 април 2024(2024-04-08) (возр. 94) Единбург, Шкотска |
Живеалиште | Единбург, Шкотска |
Националност | Британец |
Полиња | теориска физика |
Установи | Единбуршки универзитет Империјален колеџ Лондон Кралев колеџ Лондон Универзитетски колеџ Лондон |
Образование | Кралев колеџ Лондон |
Теза | „Некои проблеми во теоријата на молекулските треперења“ (1955) |
Докторски ментор | Чарлс Кулзон[1] Х.К. Лонгет-Хигинс [2] |
Докторанди | Кристофер Бишоп Луис Рајдер Дјвид Волес[1] |
Познат по | нарушување на симетријата во електрослабата теорија Хигсов бозон Хигсово поле Хигсов механизам |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (2013) Волфова награда за физика (2004) награда „Џ.Џ. Сакурај“ (2010) Дираков медал (1997) Радерфордов медал и награда (1984) Хјузов медал (1981) |
Страница | |
ph.ed.ac.uk/higgs |
Најпознат е како предлагач на појавата наречена нарушување на симетријата кај електрослабата теорија, со кој се опишува настанокот на масата на елементарните честички, особено осврнувајќи се на W и Z бозоните. Оваа појава истовремено ја предложиле уште неколку физичари, но денес се нарекува Хигсов механизам и го предвидува постоењето на честичката Хигсов бозон, опишана како „најбараната честичка во современата физика“[5][6]. на 4 јули 2012 г. CERN по опитен пат го утврдиле постоењето на ваков бозон,[7], и на 14 март 2013 г. го потврдиле согласно очекуваните две основи својства (позитивен паритет и спин еднаков на нула)[8]. Со ова, честичката станала првиот познат скаларен бозон откриен во природата.[9] Хигсовиот механизам се смета за мошне важен составен дел од стандардниот модел на честичната физика, без кој извесни честички би немале никаква маса.[10]
Хигс има добиено бројни признанија за неговата работа, меѓу кои Хјузов медал од Кралското друштво (1981), Радерфордов медал од Институтот за физика во Лондон (1984), Дираков медал за извонредни придонеси за теориската физика од Институтот за физика во Лондон (1997), Награда за високоенергетска честична физика од Европското физичарско друштво (1997), Волфова награда за физика (2004), медал „Оскар Клајн“ од Кралската шведска академија на науките (2009), наградата Џ.Џ. Сакурај на Американското физичарско друштво за теориска честична физика (2010) и посебниот пригоден Хигсов медал од Кралското друштво во Единбург (2012).[11] Во 2013 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Франсоа Англер по предлог на Стивен Хокинг.[12] Истата година од кралицата го добил и орденот „Придружник на честа“.[13][14]