![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg/langmk-640px-Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg.png&w=640&q=50)
Стандарден модел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стандарден модел — теорија во честичната физика која се занимава со електромагнетните, слабо и силно јадрено заемодејство, преку овие заемодејства се разгледува движењето на познатите субатомски честички. Се развива како теорија цо подоцнежната половина од XX век како заеднички напор на научниците од целиот свет.[1] Моменталниот запис е завршен во средината на седумдесеттите години на минатиот век по експерименталната потврда за постоењето на кварковите. Оттогаш, откриени се горен кварк (1995), тау неутрино (2000) и неодамна откриениот Хигсов бозон (2013), со што се потврди веродостојноста на стандардниот модел. Поради својата успешност да ги објасни големиот број на резултати од опити, стандардниот модел се смета на некој начин како „теорија на скоро сè“.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg/640px-Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg.png)
Стандардниот модел за малку не е целосна теорија на основните заемодејства. Не ја вклучува во себе целата теорија за гравитацијата[2] како што е опишана од општата теорија за релативноста, или да го објасни забрзувачкото ширење на универзумот (опишано преку темната енергија). Во моделот нема важечки честички на темната материја кои ги поседуваат сите својства добиени преку наблудување и космологијата. Исто така не ги вклучува неутринските колебања (и нивните маси различни од нула). Иако за стандардниот модел се верува дека теориски е само-одржлив [3] и успеал да потврди голем дел а воедно и да предвиди голем дел од експерименталните предвидувања, сепак некои појави остануваат необјаснети.
Развојот на стандардниот модел беше поттикнувана од теориските и експериментални физичари. За теоретичарите, стандардниот модел е основа за квантната теорија за полето, која поседува голем дел од физиката вклучувајќи ги тука и спонтаното нарушување на симетријата, аномалиите, нерастројното однесувањеитн. Се користи како основа за добивање на егзотични модели кои вклучуваат хипотетички честички, екстрадимензионалност и објаснување на симетриите (како што е суперсиметријата) со цел да се објаснат резултатите од опитите со понакви стандардни модели, како што се постоењето на темната материја и неутринските колебања.