белгиски физичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Франсоа Англер (француски: François Englert; 6 ноември 1932 ) — белгиски теориски физичар и добитник на Нобелова награда за физика во 2013 година заедно со Питер Хигс. Тој е професор во пензија на Слободниот универзитет во Брисел (ULB) каде е член на службата за теориска физика. Тој е исто така професор со специјален статус на училиштето за физика и астрономија при Телавивскиот универзитет и е член на Институтот за квантни студии при Чапмановиот универзитет во Калифорнија. Тој бил награден со Сакурајова награда во 2010 година (заедно со Џералд Гуралник, Карл Хаген, Том Кибл, Питер Хигс и Роберт Браут), Волфова награда за физика во 2004 година (со Браут и Хигс) и Високоенергетска и честична награда од Европското друштво на физичарите (со Браут и Хигс) во 1997 за механизмот кој ги обединува краткотрајните и долготрајните заемодејства со создавање на масивни баждарни векторски бозони. Тој исто така има и научни придонеси и во статистичката физика, квантната теорија за полето, космологијата, теоријата на струните и супергравитацијата. Тој е исто така добитник и на Наградата на Принцот од Астурија вза техничко и научно истражување заедно со Питер Хигс и CERN.
Франсоа Англер François Englert | |
---|---|
Франсоа Англер во 2007 г. | |
Роден(а) | 6 ноември 1932 Етербек, Брисел, Белгија[1] |
Националност | Белгиец |
Полиња | теориска физика |
Установи | Слободен универзитет во Брисел Телавивски универзитет[2][3] |
Образование | Слободен универзитет во Брисел |
Познат по | Хигсов механизам |
Поважни награди | Франкиева награда (1982) Волфова награда за физика (2004) Сакурајова награда (2010) Нобелова награда за физика (2013) |
Англер бил награден со Нобелова награда за физика во 2013 година заедно со Питер Хигс за откривањето на Хигсовиот механизам.[4]
Англер го има преживеано холокаустот.[5] Роден е во белгиско еврејско семејство. За време на германската окупација на Белгија во Втората светска војна, морал да го крие своето еврејско потекло и да живее по сиропиталишта и домови за деца во градовите Динан, Профондил, Стумон и на крај во Ане. Овие градови подоцна ќе бидат ослободени од американската армија.
Тој дипломирал како електромеханички инженер во 1955 година на Слободниот универзитет во Брисел (ULB) каде што го стекнал и својот докторат за физички науки во 1959 година. Од 1959 до 1961 година, тој работел на универзитетот „Корнел“, првично како истражен помошник на Роберт Браут а подоцна и како помошник професор. Подоцна се вратил ан Слободниот универзитет во Брисел кде станува универзитетски професор каде му се придружува и Роберт Браут, во 1980 година, и заедно со Англер ја раководеле катедрата за теориска физика. Во 1998 Англер станува професор во пензија. Во 1984 професорот Англер е назначен со специјална одлука за професор на School of Physics and Astronomy Телавивскиот универзитет. Англер се вработува на Институт за квантни студии при Чапмановиот универзитет во 2011 година, каде работи како почитуван вонреден професор.
Браут и Англер покажале во 1964 година[7] дека баждарните векторски полиња, абелови и неабелови, можат да се здобијат со маса во празен простор доколку се стекнат одредена структура која се среќава кај материјалните системи. Фокусирајќи се на неуспехот на Голдстоновата теорема за баждарните полиња,[8] Хигс стигнал до истиот резултат.[9] Трет труд за темата подоцна бил напишан од страна на Џералд Гуралник, Карл Хаген и Том Кибл.[10] Трите трудови напишани за овоа откритие на овој бозон од страна на Хигс, Англер и Роберт Браут и Џералд Гуралник, КАрл Хаген и Том Кибл биле признати како значајни трудови за ова откритие од страна на Physical Review Letters за време на прославата на својата 50 годишнина.[11] Додека пак секој од овие трудови има слични приоди, придонесите и разликите меѓу трудовите за нарушувањето на симетријата се забележителни.
За да се прикаже структурата, треба да се замисли феромагнет кој се состои од атоми кои сами по себе се мали магнети. Кога овие магнети се подредени, внатрешноста на феромагнетот има сличен изглед со структурата на празниот простор. Баждарните векторски полиња кои се чувствителни на оваа структура на празен простор можат да се движат само на конечни растојанија. Па така тие минуваат куси заемодејствувачки растојанија при што добиваат маса. Оние полиња кои не се чувствителни на структурата се движат слободно. Тие остануваат безмасени и се одговорни за заемодејствата на големи растојанија. На овој начин, механизмот обезбедува одговор за заемодејствувањето на куси и долги растојанија.
Роберт Браут, Англер, Хигс, Џералд Гуралник, Карл Хаген и Том Кибл вовеле дејство во вакуумската структура, скаларно поле (четопати нарекувано Хигсово поле) кое многу физичари го гледаат како дејството одговорно за масата на фундаменталните честички. Браут и Англер исто така покажале дека механизмот останува да важи и доколку скаларното поле се замени со многу поструктурно дејство како што е фермионскиот кондензат. Нивниот пристап ги довел до заклучок дека теоријата е ренормализирачка.[12] Очигледниот доказ за ренормализацијата, големо достигнување на физичарите од XX век, се должи на Герард 'т Хофт и Мартинус Велтман кои се наградени со Нобелова награда за физика во 1999 година. Браут–Англер–Хигс–Гуралник–Хаген–Кибловиот механизам е камен-темелникот на електрослабата теорија на елементарните честички и го поставила патот за обединување на основните закони на природата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.