Осој (Дебарско)
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
Осој — мијачко село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар[2]. Селото е сместено на северните падини на планината Стогово на надморска височина од 900 до 1000 метри.
Осој | |
Поглед на дел од селото | |
Координати 41°31′45″N 20°38′39″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Население | 12 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08029 |
Надм. вис. | 1000 м |
Слава | Света Петка |
Осој на општинската карта Атарот на Осој во рамките на општината | |
Осој на Ризницата |
Соседни села на Осој се селата Могорче и Гари, кои иста така се наоѓаат во Општина Дебар.
Селото Осој се наоѓа во Западна Македонија, во областа Мала Река, на падините на планината Стогово, на надморска висина од 900-1000 метри. Соседни села се Могорче од левата страна и Гари од десната. Селото Осој е дел од мијачките села по долината на Радика и Мала Река.
Во селото се сретнуваат повеќе маала, кои претежно се наречени по родовите кои живееле таму. Така, се сретнуваат Младеновци, Пулевци, Јоновци, Прајовци и други маала.[3]
Селото е оддалечено 14 километри источно од градот Дебар.
Во селото се доселило дел од населението на соседното село Могорче, односно населението кое не прифатило да се потурчи, го напуштило Могорче и се упатиле кон селото Осој.[3]
Според опис на Георги Трајчев, селото било претставено дека се наоѓа на терасовидна ливада, со овошни дрвја. Во тоа време броело 80 куќи. Куќите биле малтерисани со вар. На Ѓурѓовден жителите излегувале со литија до манастирската месност.[4]
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Името на селото веројатно настанало поради тоа што селото се наоѓа на осојно место[4] што е поради неговата местоположба на северната страна на планината Стогово.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 223 жители христијани (Македонци).[6] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 600 жители христијани (Македонци).[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осој се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 86 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото брои околу 50-тина куќи. Сите семејства се од христијанска вероисповед. Мал е бројот на оние кои постојано живеат во Осој. Претежно живеат и работат во Скопје и внатрешноста на Македонија. Според пописот од 2002 година, селото брои 6 жители, сите Македонци.[10] Моментално, во селото се останати одвај по некој жител, кои живеат постојано, иако за време на летниот период нивниот број се зголемува претежно од иселениците.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 9 Македонци, 2 Турци и 1 Србин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600 | 688 | 228 | 232 | 169 | 2 | 5 | 2 | 1 | 6 | 12 |
Осој е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
Населението е воглавно староседелско, од старото село Ефла, а има доселеници и од селото Могорче (Веловци, Несторовци и Поповци) кои избегале од исламизирање.[15]
Селото влегува во рамките на големата Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Косоврати, во која покрај селото Осој, се наоѓале и селата Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Могорче и Скудриње. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Долно Косоврати, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Мелничани, Могорче и Осој.
Во селото постои споменик од Народноослободителната борба за борците од селото Осој, кои учествувале во борбата против балистите и другите окупаторски сили во Македонија во текот на Втората светска војна. Споменикот е посветен на борците: Косте Д. Трипуновски, Николе Б. Николовски, Јован Е. Таневски, Соколе Б. Таневски и Бибо Т. Дуковски. Бил поставен од страна на здружението од селото Осој во текот на 1981 година.
Како главна селска слава се одбележува Света Петка, при што секоја година на 8 август, селаните и иселениците од самото село организираат црковно-народен собор посветен на светицата.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.