From Wikipedia, the free encyclopedia
Општествена класа, според Владимир Илич Ленин, е голема општествена група која се разликува од другите класи според своето место во историски определен систем на општествено производство, според својот однос (најчесто утврден и формулиран со законите) кон средствата за производство, според својата улога во општествената организација на трудот и, според тоа, според начинот на добивањето и големината на делот од општественото богатство со кое располага.
Поделбата на општеството на класи не е општоприфатено гледиште, иако таа има голем број застапници, особено помеѓу марксистите и анархистите. Според приврзаниците на теоријата за класна поделеност на општеството, сите досегашни општества, со исклучок на првобитната заедница, се општества поделени на класи. Односите помеѓу овие класи не се хармонични, туку антагонистички и доведуваат до класна борба помеѓу нив.
Постојат основни и споредни класи, кои се различни во различен вид општество. Во капитализмот основни класи се капиталистичката и работничката класа, а споредни класи се средните класи, како селанството, старата и новата средна класа.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.