Опсада на Никеја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опсадата на Никеја траела во периодот од 14 мај сè до 19 јуни 1097 година. Ова опсада е една од многуте кои се случиле во Првиот крстоноснен поход. Поводот за овој подод бил фактот што Никеја била освоена од страна на селџуците уште од 1077 година. Никеја станала важен центар за султанот. Претходно, со Народниот крстоносен поход, селаните и војниците кои биле вклучени во тој поход биле поразени од Турците кај Никеја. Султанот Арслан I сметал дека Никеја не е во опасност. Затоа тргнал во поход кон исток.
Опсада на Дамаск Ливонианска крстоносна војна Битка кај Хатин Опсада на Ерусалим (1187) Опсада на Арка Битка кај Арсуф Арагонска крстоносна војна Александриска крстоносна војна Битка кај Никопол Северна крстоносна војна Битка кај Варна Битка за Отранто Хусистки војни | ||
Крстоносците пред портите на градот се нашле на 14 мај 1097 година, предводени од страна на Годфрид Бујонски. Никеја била нападната, и во тој прв напад, Турците биле поразени. Турците испратиле порака до нивниот султан да се врати. На враќање, армијата на Арслан I била поразена од страна на Рејмонд Тулушки и Роберт Фландријски на 21 мај. По повлекувањето на султанот, населението на Никеја му пишало порака за помош на Алексиј Комнин, кој започнал тајно да преговара за преземање на градот. Така и станало.
Алексеј Комнин на крстоносците им дал пари, коњи и други дарови, но тие не биле со тоа задоволни, бидејќи верувале дека доколку го заземат градот за нив ќе има многу повеќе.