Помош:Како да уредам страница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Википедија е посебен вид на мрежно место наречено „вики“, што значи дека секој може лесно да промени било која незаштитена статија и тие промени да се прикажат веднаш на страницата.
Ова е страница за помош на македонската Википедија. Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори. |
|
Уредувањето на викистраница е многу лесно. Едноставно стиснете на „Уреди“ јазичето најгоре (или стиснете на „уреди“ десно или долу) на викистраница. Тоа ќе ве донесе до страница со поле за текст во кој се наоѓа постоечкиот текст на страницата кој може да го менувате. Ако само сакате да експериментирате, тоа правете го во песокот; а не овде. Треба да напишете кратко резиме во малото поле под полето за текст. Откако ќе завршите, стиснете на копчето „Прегледај“ да видите како изгледаат вашите промени. Можете да ги видите и разликите меѓу вашите промени и веќе постоечката страница стискајќи на копчето "Прикажи промени’. Ако сте задоволни со промените, стиснете на „Зачувај“ и вашите промени веднаш ќе се појават во статијата. Не се потпишувајте во статиите, софтверот автоматски ги памти сите промени (како и тоа кој ги направил).
Можете да стиснете и на „Разговор“ јазичето за да ја видите соодветната разговорна страница, која содржи коментари околу статијата од други Википедија корисници. Стиснете на „нов поднаслов“ јазичето за да додадете нов поднаслов, или да ја уредите страницата исто како и статиите. Кога уредувате разговорни страници, потпишете ги вашите промени (видете Википедија:Потписи).