From Wikipedia, the free encyclopedia
Византиското царство во 1071 година претрпело два жестоки внатрешни судири, кои наеднаш биле неосетливи но подоцна се пресметиле како еден од главните фактори за пропаста на царството.
Во средината на 11 век, норманите го освоиле јужниот дел од Византиска Италија. Во април исто така бил освоен и Бари, со кое Византија ги изгубила и последните траги од Апенинскиот Полуостров, а норманите им дале до знаење на Византија дека нивните походи овде не завршуваат.
Битката кај Манцикерет се случила на 26 август 1071 година од страна на византиската војска, предводена од цар Роман IV Диоген (1068-1071) и турските селџуци, предводени од султанот Апл Арслан. Битката се водела на територијата помеѓу градот Манцикерет и езерото Ван. Битката завршила со заробувањето на царот Роман IV Диоген и катастрофалниот пораз на Византија.
Овие два политички удари во Византија довеле до започнување на еден вид граѓанска војна во Византија, кое подоцна доведе и до пропаѓање на империјата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.