![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/09/Voyager_2_picture_of_Oberon.jpg/640px-Voyager_2_picture_of_Oberon.jpg&w=640&q=50)
Оберон (месечина)
месечина на Уран / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оберон, исто така познат како Уран IV — месечина на планетата Уран. Таа е втора по големина и втора по маса од Урановите месечини и деветта по масивна месечина во Сончевиот Систем. Оберон била откриена од Вилијам Хершел во 1787 година, и именувана по митскиот крал на самовилите кој се појавува како лик во шекспировата комедија „Сон на летната ноќ“. Неговата орбита е делумно надвор од магнетосферата на Уран.
![]() Слика на Оберон од страна на Војаџер | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Вилијам Хершел |
Откриено | 11 јануари 1787 [1] |
Ознаки | |
Орбитални особености | |
583.520 km[2] | |
Занесеност | 0,0014[2] |
13,463234 д[2] | |
Просечна орбитална брзина | 3.15 km/s |
Наклон | 0,058 ° (до екваторот на Уран)[2] |
Месечина на | Уран |
Физички особености | |
Среден полупречник | 761,4 ± 2,6 km (0,1194 Earths)[3] |
7.285.000 km² | |
Зафатнина | 1.849.000.000 km³ |
Маса | (3,076 ± 0,087)⋅1021 kg[4] |
Средна густина | 1,63 ± 0,05 g/cm³[5] |
&10000000000354937000000354,937 m/s² | |
23.206 km/s | |
се претпоставува синхроно[8] [6] | |
Албедо |
|
Температура | 70–80 K[8] |
14.1[9] | |
Веројатно е дека Оберон настанал од насобирачки диск што го опкружувал Уран веднаш по формирањето на планетата. Месечината се состои од приближно еднакви количества мраз и карпи и веројатно е диференцирана во карпесто јадро и ледена обвивка. Слој од течна вода може да биде присутен на границата помеѓу обвивката и јадрото. Површината на Оберон, која е темна и малку црвена по боја, се смета дека е првенствено обликувана од удари на астероиди и комети. Месечината е покриена со бројни ударни кратери кои достигнуваат 210 км во пречник. Оберон поседува систем на шазма (стрмна вдлабнатина или провалија) формирана за време на проширувањето на кората како резултат на проширувањето на неговата внатрешност за време на нејзината рана еволуција.
Уранскиот систем е проучен одблизу само еднаш: вселенското летало Војаџер 2 направило неколку снимки од Оберон во јануари 1986 година, овозможувајќи да се мапира 40% од површината на Месечината.