Хранлива материја
супстација потребна за живот на организам / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хранлива материја или нутриент — супстанција неопходна за опстанок и размножување на организмите. Ова важи за животните, растенијата, габите и протистите. Хранливите материи може да се впијат во клетките за метаболички цели или да се излачуваат од нив образувајќи неклеточни структури како влакна, крлушки, пердуви, or егзоскелети. Некои хранливи материи може метаболички да се претворат во помали молекули во процесот на ослободување енергија како кај јаглехидратите, липидите, белковините и производите од ферментација (етанол или оцет), па на крај завршуваат со вода и јаглерод диоксид како крајни производи. Сите организми имаат потреба од вода. Неопходните хранливи материи за животните се изворите на енергија, некои од аминокиселините кои се здружуваат за да создадат белковини, дел од масните киселини, витамини и извесни минерали. На растенијата им требаат поразновидни минерали кои ги впиваат преку корените, како и јаглерод диоксид и кислород, впиени преку лисјата. Гавите живеат од мртви или живи органски материи, и ги задоволуваат прехранбените потреби право од домаќинот.
Различни видови организми имаат потреба од различни неопходни хранливи материи. Аскорбиската киселина (витамин Ц) е неопходна за луѓето и некои видови цицачи, но највеќето други животни и многу растенија можат да ја синтетизираат. Хранливите материи можат да бидат органски или неоргански: органските ги опфаќаат оние што содржат јаглерод, а останатите хемикалии се неоргански. Неоргански хранливи материи се железото, селенот и цинкот, а органски се белковините, мастите, шеќерите и витамините.
Кај животните хранливите материи се делат на макрохранливи материи и микрохранливи материи. Ако се внесуваат во релативно големи количества (грамови или унци), макрохранливите материи (јаглехидрати, масти, белковини, вода) главно се користат за создавање на енергија или нивно внесување во ткивата за раст и закрепнување. Микрохранливите материи се потребни во помали количини (милиграми или микрограми); тие имаат суптилни биохемиски и физолошки улоги во клеточните процеси, како васкуларните функции или нервната спроводливост. Недоволните количини на неопходни хранливи материи или болестите кои попречуваат во нивното внесување предизвикуваат недостаток кој го пореметува развојот, опстанокот и рамножувањето. Советите за потрошувачите од здравствените органи се предвидени како упатство за препорачани количини со цел спречување на проблеми од недостаток или прекумерно внесување на макрохранливи и микрохранливи материи, давајќи долни и горни граници. Така, прехранбените производи мораат да имаат наведено количества на содржани супстанции, давајќи им на потрошувачите можност да направат споредба со препораките. Јадливите растенија содржат илјаници соединенија наречени фитохемикалии со поензоати дејства на болеста или здравјето, вклучувајќи разновидна класа со нехранлив статус наречена полифеноли која допрва треба да се проучува.