Ферментација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Анаеробното дишење за голем број организми претставува единствен катаболички процес во кој се ослободува енергија. Тоа што при анаеробното дишење не се ослободува целата енергија, туку само дел од неа, претставува основна причини што анаеробните организми трошат поголемо количество органски материи. Ослободената енергија со анаеробното дишење е околу 30 пати помала од количеството на енергија ослободена при аеробното дишење. Во природата постојат микроорганизми кои живеат во услови на кислороден дефицит. Такви се: квасочните габи - квасци, млечно-киселите бактерии и оцетнокиселите бактерии. Тие на различен начин ја разградуваат пирогроздовата киселина, поради што се добиваат и различни крајни производи на дишењето, какви што се: етил алкохол, млечна киселина и други материи. Ослободувањето на енергијата на овој начин се нарекува ферментација или вриење.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |