Најкорисен играч во НБА
From Wikipedia, the free encyclopedia
Најкорисен играч на НБА (англиски: NBA Most Valuable Player Award или скратено NBA MVP) или МВП е годишна награда во НБА лигата која се додеделува секоја сезона почнувајќи од сезоната 1955-1956 на најдобриот играч во регуларниот дел од сезоната. Наградата е наречена „Морис Подолоф трофеј“, именувана по првиот комесар на НБА (од 1946 до 1963 година). До сезоната 1979-1980, МВП играчот бил избран со гласање на НБА играчите, а од сезоната 1980-1981 добитникот на наградата го одлучува панел на спортски новинари и радиодифузери низ САД и Канада.
Секој член на гласачкиот панел бира 5 играчи кој ги рангира од прво до петто место. Секој глас за прво место вреди 10 бода; секое гласање за второто место вреди седум; гласот за трето место вреди пет бода, четвртото место вреди три, а петтото место вреди само еден бод. Почнувајќи од 2010 година, вклучено е и едно гласачко ливче од страна на навивачите преку гласање на интернет. Играчот со најголем број бодови ја освојува наградата.[1] Актуелен носител на наградата е Јанис Адетокунбо од Милвоки Бакс.
Карим Абдул Џабар ја има освоено оваа награда 6 пати, а Бил Расел и Мајкл Џордан се веднаш зад него со по 5 награди. Германецот Дирк Новицки е првиот Европеец кој ја има добиено наградата и заедно со Јанис Адетокунбо се единствените Европејци досега. Покрај нив, од странските играчи само уште Хаким Олајџувон од Нигерија и Стив Неш од Канада ја имаат добиено оваа награда. Досега само двајца руки играчи ја освоиле наградата: Вилт Чемберлен во 1959-1960 и Вес Анселд во 1968-1969.