Бил Расел
Американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилијам Фентон „Бил“ Расел (роден на 12 февруари 1934 година во Монро, Луизијана САД) — бивш американски кошаркар, кој играше во НБА лигата од 1956 до 1969, за тимот на Бостон Селтикс. Тој е висок 206 cm, и играше на позицијата центар, и се смета за еден од најдобрите 2-3 центри во историјата на кошарката. Во својата кариера, тој беше прогласен за МВП, и во своите 13 сезони, освои 11 титули, најмногу од сите играчи. Тој влезе во „Куќата на славните на НБА“ во 1975. Негов најголем соперник беше Вилт Чембрлен од Филаделфија Севентисиксерс и подоцна од ЛА Лејкерс и често влегуваа во епски двобои, постигнувајки по педесетина бодови и по дури четириесетина скокови. Бил ги губеше овие статистички битки, но секогаш беше повеќе тимски играч од Вилт, и затоа освои многу повеќе од двете титули на Вилт.[1]
Медали | ||
---|---|---|
Натпреварувач за САД | ||
Машка Кошарка | ||
Мелбурн 1956 |