![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/ae/Michael_Jordan_in_2014.jpg/640px-Michael_Jordan_in_2014.jpg&w=640&q=50)
Мајкл Џордан
американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајкл Џефри Џордан (англиски: Michael Jeffrey Jordan; роден 17 февруари 1963 )[1] — поранешен американски НБА-кошаркар, активен стопанственик, и моментален сопственик на НБА-клубот Шарлот Хорнетс. Сметан е за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
|
Мајкл Џордан поминал 15 сезони во НБА лигата со 30,12 бода по натпревар во регуларниот дел од сезоната (најмногу во НБА). Освоил шест НБА првенства со Чикаго Булс, бил 10 пати најдобар стрелец и пет пати избран за најкорисен играч во лигата. Девет пати бил избран во првата одбранбена петорка, а трипати бил најдобар по бројот на украдените топки. Од 1983 рекордни 49 пати се појавил на насловнота страница на списаниет Спортс илустрејтед, а во 1991 бил прогласен за спортист на годината во изборот на ова списание.[2] Во 1999 година е прогласен за „најдобар северноамерикански спортист во XX век“ по изборот на спортскиот канал ЕСПН. Неговиот силен одраз и забивањата од линијата за слободни фрлања му ги донеле прекарите „Воздушниот Џордан“ и „Воздушното височество“.