Населица (грчки: Ανασελίτσα, Анаселица, турски: Nasliç, Наслич) — историско-географска област во Егејска Македонија. Крајот се нарекува и Населичко или Лапчишко. Своевремено подрачјето ја сочинувало управната единица Населичка каза.

Областа ги опфаќа селата во денешната општина Горуша, во источното подножје на разгранокот на истоимената планина Горуша и селата во западното подножје на планината Сињак. На север се граничи со Костурско (по реката Беливод), на југ со Гребенско, а на исток со Кожанско. Низ областа тече реката Бистрица. Главен град на областа традиционално е Лапчишта (денес Неаполи), кој во османлиско време понекогаш се нарекувал и Населица.

Историја

Оваа област во минатото била населена исклучиво со Македонци, за што сведочи османлискиот историчар Ќатип Челебија (Хаџи Калфа) во неговото дело „Румелија и Босна“ од XVII век[1], како и македонските имиња на речиси сите населени места во областа пред нивното присилно преименување во 1920-тите.

На почетокот на ΧΧ век, со исклучок на неколку македонски села, главнината од населението во областа се состоела од Грци христијани и гркојазични муслимани наречени Валахади.[2]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.