Населица
историско-географска област во Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Населица (грчки: Ανασελίτσα, Анаселица, турски: Nasliç, Наслич) — историско-географска област во Егејска Македонија. Крајот се нарекува и Населичко или Лапчишко. Своевремено подрачјето ја сочинувало управната единица Населичка каза.
Областа ги опфаќа селата во денешната општина Горуша, во источното подножје на разгранокот на истоимената планина Горуша и селата во западното подножје на планината Сињак. На север се граничи со Костурско (по реката Беливод), на југ со Гребенско, а на исток со Кожанско. Низ областа тече реката Бистрица. Главен град на областа традиционално е Лапчишта (денес Неаполи), кој во османлиско време понекогаш се нарекувал и Населица.