From Wikipedia, the free encyclopedia
Народот навахо (навахо јазик: Diné) е втората најголема етничка група од сите староседелски народи во Северна Америка, со 338.443 жители според пописот од 2005 година. Навахо нацијата има свое независно владеачко тело што ги управува староседелските резервати на територијата на САД. Традиционалниот навахо јазик е сѐ уште зборуван во регионот, но исто така голем број луѓе зборуваат и англиски јазик. Тие самите се нарекуваат „Diné“, што во превод значи „народот“.
Навахоанци | |
Вкупен број | |
---|---|
300,048 (2011)[1] | |
Подрачја со значајно население | |
САД (Навахо нација, Аризона, Ново Мексико, Јута) | |
Јазици | |
навахо јазик, англиски јазик | |
Вероисповед | |
традиционални верувања, христијанство | |
Сродни народи | |
останати апачиски народи |
Народот Навахо зборуваат на јазик кој припаѓа на групата на атабаскански јазици. Народите кои зборуваат атабаскански јазици некогаш биле еден голем народ кои најверојатно живееле и дошле од територијата околу Големото Робовско Езеро во денешните територии на Канада и за кои се верува дека го поминале Беринговиот Проток многу порано. Денес овој народ и сродни народи на Навахо живеат во Јута, Колорадо, Ново Мексико и Аризона кои се доселиле тука од претходната нивна татковина во Канада. Исто така, атабаскански народи живеат и во Алјаска и во северните делови на Канада. Значајно е да се напомене дека сè уште живее домородно население околу Големото Робовско Езеро. Сродни народи на атабасканците е народот Апаче, на пример, кои живеат во југозападни САД и нивниот јазик е дел од јужните атабаскански јазици. Апаче и Навахо луѓето сè уште можат да се разберат меѓу себе, иако со векови се одделени, како во километри така и временски.
Археолошки и историски докази покажуваат дека атабаскански предци на народите Навахо и Апаче навлегле во југозападните дело на САД после 1000 година со зголемување на населението во 13 век. Оралната традиција на Навахо народот потврдува дека ова се случило и ги опишуваат своите патешествија. Така, според традицијата на Навахо народот од Големите Канадски Паркови се вели дека Навахо потекнуваат од изумрено племе наречено Наха кое живеело во регионот Нахани западно од Големото Робовско Езеро.[2]
Оралната традиција на народот исто така сугерира долга врска со народот Пуебло.[3] и желбата да се присвојат туѓи идеи и да се приспособат кон својата култура. Трговијата помеѓу народите Пуебло и атабасканските племиња била важна за двата народа. Шпанските записи велат дека до средината на 16 век, народот Пуебло тргувал со пченка и памук за месо од бизон и материјали за камени алатки од Атабасканците кои патувале до нив или живееле околу нив. Во XVIII век шпанските записи велат дека Навахо имал голем број на домашни животни и големи површини со пченка. Така, најверојатно тие прифатиле голем дел културни и трговски елементи од народот Пуебло и околните староседелски народи.
Шпанците за првпат го употребуваат терминот Навахо, „ Apachu de Nabajo“ во 1620 година со кој ги именувале луѓето од долината Чама, регион источно од реката Сан Хуан и северозападно од Санта Фе. До 1640-те, терминот ’Навахо’ започнал почесто да се користи за тие народи. Шпанските записи од 1670 година велат дека тие живееле во регион наречен Динетах, кој бил 100 км оддалечен западно од долината Рио Чама. Во 1780 година, Шпанците испратиле воена експедиција против Навахо во јогозападниот и западниот дел од територијата, поточно во регионите на Маунт Тејлор и планините Чуска во Ново Мексико.
Во последние 1000 години, Навахо живееле во период каде ја проширувале својата територија и го зацврстувале својот идентитет и значајност спрема останатите околни народи. За тоа придонеле честите воени напади и трговијата со Апаче, Пуебло, Уте, Комаче и со Шпанците.
Навахо конфликтите со европските дојденици траеле околу 300 години. Од перспектива на навахо народот, Европејците биле сметани за друго племе. Традиционално, различни градови и села биле гледани како посебни племиња или банди од навахо. Шпанците почнале да основаат воени сили по реката Рио Гранде во 17 век кон исток кон Динетах (навахо татковината). Шпанците забележале дека апаче групи се населувале по градовите и притоа успешно ги потиснувале шпанците од таа област и тоа довело до револтот Пуебло во 1680 година. Јавањето и тргувањето биле главни елементи од навахо културата и тоа довело до зголемување на воведувањето на коњите од страна на шпанците. Шпанците основале нови тврдини со кои се обезбедиле новите шпански населени места а со тоа ги одделиле апачи и навахо населението од шпанското население. Последично на таквата ситуација, европските доселеници земале и киднапирале домородно население а како воизврат истото го правеле и навахо населението. Тоа траело сè до доаѓањето на американците во 1840 година.
Започнувајќи од пролетта 1864, околу 9.000 навахо мажи жени и деца биле присилени на долг пат или долга прошетка околу 300 милји до Форт Самер во Ново Мексико. Ова Ова бил најголем резерват основан од страна на владата на САД. Но тоа било голем неуспех. Најпрво било дизајнирано да се има вода во резерватите, храна, дрва и основни средства за околу 4.000 до 5.000 луѓе, но голем број на други племиња почнале дас е доселуваат на таа територија и населението станало пребројно. Целата таа Голема Прошетка остана голем срам и неправичност за денешните САД.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.