From Wikipedia, the free encyclopedia
Мистицизам (од грчки: μυστικός, мистикос) — тежнеење кон заедништво со божественото или духовната вистина, или дури и со самиот Господ преку директни искуства, преку интуиција или увиди. Мистиците (грчки: μύσται, латински: mystae) се посветени во некоја света тајна (грчки: μύστήρια). Мистицизмот може да е дуалистички и да прави разлика меѓу „јас“ и „божественото“, но не мора. Различни религиозни традиции го опишуваат основното мистично искуство на различни начини:
Статии од категоријата Окултизам |
---|
Правци |
Спиритуализам
|
Окултисти, астролози, јасновидци |
Алистер Кроули |
Магиски техники |
Акаша • Акашки записи |
Портал:Окултизам |
Просветлување или илуминација се зборовите кои најчесто се користат за овој феномен. Мистичните традиции се еден вид поткултура на поголемите религиозни традиции, како на пример Кабалата во јудаизмот, суфизмот во исламот, веданта во хиндуизмот, христијанскиот мистицизам во христијанството, но секогаш се земаат со недоверба. Во античкиот свет, познати биле Елеузинските мистерии посветени на божицата Деметра, Дионизиските мистерии посветени на богот Дионис, Кабирските мистерии на Самотраки и орфичките мистерии, кои извршиле огромно влијнаие врз христијанската есхатологија.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.