Меѓуѕвезден облак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓуѕвезден облак — општ назив на насобран гас, плазма и прашина во нашата и други галаксии како натпросечно густо подрачје во меѓуѕвездената средина. Зависно од густината, големината и температурата на дадениот облак, водородот во него може да биде неутрален (подрачја H I), јонизиран (подрачја H II) (т.е. плазма) или молекуларен (молекуларни облаци). Неутралните и јонизираните облаци се нарекуваат уште и дифузни облаци, а молекуларните го носат и називот „густи облаци“.