Мернеит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мернеит (исто така Меритнејт и Мерит-Нејт) била регент во Египет за време на Првата династија. Можеби владеела со Египет како фараон со право на престолот, за што има неколку официјални записи. Ако е ова точно, таа веројатно била првата жена фараон и најстар кралски регент во запишаната историја. Нејзиното владеење било околу 2950 г. п.н.е. за неодреден период. Името на Мернејт значи „Возљубени од Неит", а нејзината стела содржи симболи на тоа древно египетско божество. Се смета дека била ќерка на Џер и веројатно жена на Џет, односно пра-внука на првиот фараон на обединет Египет, Нармер. Таа исто така била мајка на Ден,[3] нејзиниот наследник.
Кратки факти Мернеит, Фараон на Египет ...
Мернеит | |
---|---|
Меритнејт, Мерит-Нејт | |
Надгробна стела на Мернеит од Ум ел Кааб. | |
Фараон на Египет | |
Владеел | околу 2950 г.п.н.е.[1], Прва династија |
Совладетел | Ден |
Претходник | Џет |
Наследник | Ден |
Сопружници | Џет |
Деца | Ден |
Татко | Џер |
Закопан | Гроб Y, Ум ел Кааб |
Затвори