Кралица е женски монарх кој владее над држава, додека царица е женски монарх кој владее над царство (империја). Машката верзија на кралица е крал. Меѓутоа, многу почесто во историјата, оваа титула е куртоазна наместо владејачка, и едноставно означува дека жената е сопруга на владетелот.
Во древен Египет, Античка Персија, Азијиските и Пацифичните култури, и некои европски земји, на женските монарси им била доделена титулата крал. Византиската царица Ирина понекогаш себеси се нарекувала basileus (βασιλεύς) - "цар", отколку basilissa (βασίλισσα) - "царица“, и Јадвига од Полска била крунисана како Rex Poloniae - кралот на Полска.
Меѓу Давидските Монарси од Јудејското царство, се споменува само една кралица, Готолија, иако во Хебрејската Библија таа е негативно прикажана. Многу подоцна Хасмонејската кралица Салома Александра (Shlom Tzion) била многу популарна.
Наследството може да биде матрилинеално, патрилинеалното, или и двете. Правото на наследство можат да го имаат и мажите и жените, или да е ограничено само за мажите или само за жените.
Во 2011 година, Британскиот Комонвелт се согласи да го отстрани владеењето на патрилинеалното првородство.
Во Кина, Ву Зетиан станала кинеска царица и ја формира Џоу династијата по отпуштањето на нејзините синови. Треба да се напомене дека, сепак, царицата Ву ја користела титулата huangdi ("цар") што е спротивно на huanghou ("царица") и била често нарекувана, и во азиски и европски извори, женски император, а во еден била наречена царица. Слично на тоа, неколку децении порано во Кореја, кралиците Сеондеок од Сила и Јиндеок од Сила го развиле терминот yeowang ("женски крал") за себе наместо терминот hwanghu, што обично се преведувало како "кралица" и се однесувал на сопругата на кралот или царот.
Иако Хризантемскиот престол на Јапонија во моментов е забранет за жени, ова не било секогаш случајот; во текот на јапонската историја имало осум царици. Во Јапонскиот јазик се користи терминот josei tennō ("женски цар") наместо "царица", а терминот kōgō се користи за сопругата на царот.
Кралицата како тема во книжевноста
„Сиромашната девојка која станала кралица“ – полска народна приказна.[1]
„За принцезата маѓепсана во змија“ – полска народна приказна.[2]
„За проколнатата принцеза“ – полска народна приказна.[3]
„Марцика и проколнатата принцеза“ - унгарска народна приказна.[4]
„Портрет на инфантата“ - песна на рускиот поет Павел Антокољски.[5]
„Вештерката“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[6]
„Принцезата и пенисот“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[7]
„Мртвата кралица“ - книга на францускиот писател Анри де Монтерлан.
Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 185-187.
Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182-183.