Ум ел Кааб
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ум ел Кааб (или Ум ел Ка'аб, понекогаш Ум ел Га'аб, арап. أم القعاب) е некропола на владетелите на раните династички периоди [1] во Абидос, Египет.[2] Неговото модерно име значи „Мајка на садови“, бидејќи низ целата област има скршени садови, како понуда за боговите направени во претходните времиња. Култското античко име на областа било (w-) pkr или (rꜣ-) pkr „Округот на pkr [-дрво]“ (неидентификуван вид) или „Отворање на pkr [-дрво]“ (коптски : upoke), кои припаѓаат на tꜣ-dsr „затскриената / расчистена земја“ (некропола) или crk-hh „Врзување на вечноста" (Коптски: Alkhah).
арапски: أم القعاب | |
Поглед кон областа | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Место | Египет |
---|---|
Координати | 26°10.5′N 31°54.5′E |
Областа била место на поклонение и обожување во древниот Египет, и до времето на Средното Кралство, барем една од кралските гробови била ископана и обновена за свештениците на Озирис.[3]
Гробовите од оваа област првпат биле ископани од страна на Емиле Амелино во 1890-ти години и посистематски од страна на Флиндерс Петри помеѓу 1899 и 1901 година.[3] Оттогаш оваа област постојано е ископана од страна на Германскиот археолошки институт од 1970-ти години, со што се овозможи детална реконструкција на оригиналниот распоред и изглед на овие гробови.[3]
Пекер во хиероглифи |
---|
Позната како гробишта Б, оваа област ги содржи раните династички гробови на фараоните од Првата египетска династија и последните два крала од Втората династија.
Последните два фараона од Втората династија биле погребани во близина на нивните предци - тие, исто така, ја обновиле практиката за изградба на погребни куќички од кал-тули во близина.
Печатот пронајден во оваа гробница ја содржи првата целосна реченица напишана со хиероглифи.[15]
Овој гроб бил на голем простор, со неколку меѓусебно поврзани комори од кал, а вистинската погребна комора била изградена од обликувани варовнички блокови. Кога Петри го ископал во 1901 година, тој содржел скиптер сплетен со злато, и варовни вазни со златни покривки.
Човечки жртви се практикувале како дел од погребните ритуали поврзани со првата династија.[17] Гробот на Џер е поврзан со погребувањето на 338 лица за кои се верува дека биле жртвувани.[17] Луѓето и животните, како магариња, на пример, се очекувало да му помагаат на фараонот во задгробниот живот. Се чини дека дворјаните на Џер биле заклани и нивните гробови се затворени во исто време.[18][19] Од непознати причини, оваа практика завршила со крајот на династијата, а наместо вистински луѓе биле оставани фигури „шабти“ да им помогнат на фараоните во работата што се очекува од нив во задгробниот живот.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.