From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајки — македонски филм од 2010 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. „Мајки“ бил македонскиот кандидат за номинација за „Оскар“ на 83. доделување на наградите на Академијата.[2]
„Мајки“ | |
---|---|
Режисер | Милчо Манчевски |
Продуцент | Кристина Калас |
Сценарист | Милчо Манчевски |
Главни улоги | Ана Стојановска Салаетин Билал Ратка Радмановиќ Владимир Јачев Гоце Влахов Диме Илиев Благоја Спиркоски-Џумерко Борис Чоревски Петар Мирчевски Марина Поп Панкова Билјана Беличанец |
Кинематографија | Владимир Самоиловски |
Монтажа | Жаклина Стојчевска |
Премиера | 12 септември 2010 |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Буџет | 1.500.000 €[1] |
Филмот е триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една од друга сосема независни приказни. Првата приказна се одвива во Скопје, а во фокусот се две деветгодишни девојчиња, кои решаваат да пријават манијак во полиција, иако воопшто не го виделе. Поради нивната лага, полицијата приведува еден невин човек.
Втората приказна се одвива во Мариово: новинарска екипа, составена од новинар, камерманка и снимач на звук, снима документарен филм за животот во напуштените села во Македонија. Така, тие се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село - брат (го игра Билал) и сестра (ја игра Радмановиќ) на околу 80-90 години, кои се скарани од нивната младост и кои не попуштаат да се помират и покрај тоа што се целосно осамени и во селото и во животот. Дури кога братот умира, старата и немоќна сестра, со помош на камерманката (ја игра Стојановска), се обидува да му ископа гроб во тврдата земја.
Третата приказна е фактографска и овој дел од филмот е со документарен карактер. Станува збор за приказна за познатиот македонски сериски убиец - новинарот Владо Танески од Кичево, кој бил осуден за силување и убиство на пензионирани чистачки. Притоа, се прикажуваат искажувањата на блиските роднини и пријатели на жртвите, но и на сопругата на Танески.
Филмот „Мајки“ бил сниман на повеќе локации низ Македонија: Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Монтажата на филмот се вршела во неколку постпродукциски студија во Париз, Лондон и Минхен. Филмот започнал да се прикажува во 2010 година.[3][4]
Глумец | Улога |
---|---|
Ана Стојановска | Ана |
Ратка Радмановиќ | Баба |
Салаетин Билал | Дедо |
Гоце Влахов | Таксистот |
Владимир Јачев | Коле |
Димитар Ѓорѓиевски | Симон |
Ирина Апелгрен | Салина |
Емилија Стојковска | Беа |
Милијана Богданоска | Кјара |
Билјана Беличанец | Продавачка |
Диме Илиев | Сергент Јанески |
Марина Поп Панкова | г-ѓа Матилда |
Петар Мирчевски | Распусто |
Борис Чоревски | Батерија |
Благоја Спиркоски-Џумерко | Лазе |
Душица Стојановска | Жената |
Нино Леви | Полицаец |
Горан Трифуновски | Зоки |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.