Мајден
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајден — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.
Мајден | |
Улица во селото | |
Координати 41°9′13″N 21°56′36″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Мариово |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 780 м |
Мајден на општинската карта Атарот на Мајден во рамките на општината | |
Мајден на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Тиквешко Мариово, јужно од Кавадарци, во крајниот југозападен дел на денешната Општина Кавадарци. Атарот се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 780 метри.[2]
За селото не била водена посебна катастарска евиденција.[2]
Најголемиот подем рудникот го имал во XV и XVI век и во тој период овој регион се развил како рударски и бил познат не само на Балканот, туку и пошироко. Рударската населба Мајден почнала да се формира од 1877 година. Во тој период рудникот бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун.
Во XIX век, Мајден било дел од нахија Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во рамките на атарот на селото се наоѓа познатиот рудник Алшар.
Во близината на рудникот селото се наоѓа и рудник (површински коп) за експлоатација на доломит. Концесија на користењето на овој рудник формата МАКФЕРТ ДОО. Фирмата има концесија за експлоатација на доломитот од 30 години. Според проценките во рудникот има околу 6.000.000 тони рудна резерва.[3] Со оваа фирма управуваат: Јордан и Димче Маџарови и Ристо Стамаџиев.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]
Селото се наоѓа во фаза на наполно раселување. Тоа во 1961 година броело 306 жители, а во 1994 година само четири жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Мајден имало 8 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите 3 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Селото е опфатено во избирачко место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, ’Ржаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.