Малајско-полинезиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малајско-полинезиски јазици или малајополинезиски јазици[1] — подгрупа на австронезиските јазици кои ги зборуваат околу 385,5 милиони луѓе. Овие јазици се распространети низ Југоисточна Азија и Тихиот Океан, но и неколку заедници во континентална Азија и целиот африкански остров Мадагаскар.
Кратки факти Малајско-полинезиски јазици, Географска распространетост: ...
Малајско-полинезиски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Југоисточна Азија и Тихи Океан |
Класификација: | австронезиски
|
Гранки: |
сулуско-филипински
индомеланезиски
|
ISO 639-5: | poz |
Затвори
Одлика за малајско-полинезиските јазици е редупликацијата, односно удвојувањето на сите делови од зборот (како на пример wiki-wiki) за да се изрази множина. Покрај тоа, сите јазици споделуваат слични фонетски одлики и имаат мал број на гласови кои се повторуваат почесто. Додатно на тоа, овие јазици имаат мал број самогласки и согласки групи.