![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9a/Nuclear_Malayo-Polynesian_mk.svg/langmk-640px-Nuclear_Malayo-Polynesian_mk.svg.png&w=640&q=50)
Јадрени малајско-полинезиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јадрените малајско-полинезиски јазици се гранка на австронезиското семејство[1] за скои се смета дека со време се распрснале од нивната прататковина, островот Сулавеси. Се нарекуваат „јадрени“ бидејќи го сочинуваат концептуалното јадро на малајско-полинезиското семејство. Овие јазици се среќаваат ширум Индонезија, со исклучок на средишниот дел на Борнео, Сабах и северот на Сулавеси, како и во Меланезија и тихоокеанското подрачје.
Јадрени малајско-полинезиски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Југоисточна Азија и тихоокеанско подрачје |
Класификација: | австронезиски
|
Гранки: |
сундско-сулавеска гранка
централно–источна гранка
|
![]() Главни гранки на јадрените малајско-полинезиски јазици:
централна малајско-полинезиска
источна малајско-полинезиска
океанска (највеќето се вон картата) |
Групата ги содржи јазиците што го напуштиле т.н. „австронезиско порамнување“ наследено од прамалајскополинезиската синтакса. Тука спаѓаат традиционалните географски групи како централните, источните, и дел од западните малајско-полинезиски јазици, дел кој се нарекува внатрешни малајско-полинезиски јазици.
Затоа, внатрешните малајско-полинезиски јазици (сундско-сулавеските) се дефинираат негативно, т.е. оние јазици на Сунда и Сулавеси кои не се вбројуваат во централно-источните малајско-полинезиски јазици. Централно-источните претставуваат подрачна група, различна од останатите малајско-полинезиски јазици поради нивните неавстронезиски (папуански) супстрати, наместо поради некаква генеалошка сродност.