Мала Водна Змија (соѕвездие)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мала Водна Змија — мало соѕвездие на далечното јужно небо. За првпат е прикажано на небесен атлас од страна на Јохан Бајер во неговото дело Уранометрија од 1603 година. Францускиот истражувач и астроном Никола Луј де Лакај ги исцртал сјајните ѕвезди и им дал Бајерови ознаки во 1756 година. Името hydrus означува „машка водна змија“, спротивно на Водна Змија, многу поголемо соѕвездие кое претставува женска водна змија. И останува под хоризонтот за повеќето набљудувачи на северната полутопка.
лат. Hydrus | |
Кратенка | Hyi |
---|---|
Генитивно | Hydri |
Симболизам | водна змија |
Ректасцензија | 00ч 06,1м до 04ч 35,1м[1] ч. |
Деклинација | −57,85° до −82,06°[1]° |
Квадрант | SQ1 |
Површина | 243 (°)² (61-во) |
Главни ѕвезди | 3 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 19 |
Ѕвезди со планети | 4 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 2 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 1 |
Најсјајна ѕвезда | β Hyi (2,82m) |
Најблиска ѕвезда | β Hyi (24,38 сг, 7,47 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Златна Рипка Еридан Часовник Маса Октант Феникс Мрежичка Тукан |
Видливо на ширина од +8° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември. |
Најсјајната ѕвезда е со светлинска величина 2,8 е Бета Мала Водна Змија, и една од најблиските сјајни ѕвезди јужниот небесен пол. Со променлива светлинска величина која се движи меѓу 3,26 и 3,33, Гама Мала Водна Змија е променлив црвен џин со пречник 60 пати поголем од пречникот на Сонцето. Во близина е VW Мала Водна Змија, една од најсјајните џуџести нови. Четири ѕвездени системи поседуваат вонсончеви планети, од кои најпозната е HD 10180, ѕвезда која можно е да поседува 9 планети.