From Wikipedia, the free encyclopedia
Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржаа на 5 јуни 2011 година.[1] Тие биле втори предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и втори предвремени парламентарни избори во низа. На овие избори првпат македонските државјани во странство избрале свои посебни пратеници (во изборните единици 7, 8 и 9), откако оваа можност била воведена со измените на Изборниот законик од октомври 2008 година.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Резултати од изборите по изборни единици ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА НДП | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формирала нова Коалициона влада.
На изборите се поднесени и прифатени 18 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваат 53 партии. Од нив, 16 настапуваат самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Гласачко место 1975 во општина Тетово, 10 случаи на семејно гласање при што се искористени 21 гласачко ливче. Гласачко место 0823 во општина Зајас, тројца гласачи гласале без соодветна документација. Гласачко место 0816 општина Зајас, забележано е повеќекратно гласање во име на друг.
Иако мандати на изборите добија само 5 политички субјекти (две изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 19 партии, а два пратеници влегоа во Собранието како независни. Од 19-те политички партии кои влегоа во Собранието, 11 добија по 1 пратеник.
Распределбата на мандатите по партии е следната:[2]
Партија/коалиција | Мандати | +/- | |
---|---|---|---|
Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ | ВМРО ДПМНЕ | 47 | ▼6 |
Социјалистичка партија на Македонија | 3 | ▬ | |
Демократски сојуз | 1 | ▬ | |
Демократска обнова на Македонија | 1 | ▬ | |
Странка на демократска акција на Македонија | 1 | ▬ | |
Демократска партија на Турците на Македонија | 1 | ▬ | |
Демократска партија на Србите во Македонија | 1 | ▬ | |
ВМРО - Македонска | 1 | ▬ | |
Коалиција предводена од СДСМ | Социјалдемократски сојуз на Македонија | 29 | ▲11 |
Нова социјалдемократска партија | 4 | ▲1 | |
Партија за европска иднина | 3 | ▲2 | |
Либерална партија на Македонија | 1 | ▬ | |
Движење за национално единство на Турците во Македонија | 1 | ▲1 | |
Партија за целосна еманципација на Ромите | 1 | ▲1 | |
Српска напредна странка во Македонија | 1 | ▲1 | |
Независни пратеници | 2 | ▲2 | |
Демократска унија за интеграција | Демократска унија за интеграција | 14 | ▼4 |
Демократска лига на Бошњаците во Република Македонија | 1 | ▲1 | |
Демократска партија на Албанците | 8 | ▼3 | |
Национална демократска преродба | 2 | ▲2 | |
Вкупно | 123 | ▲3 |
Изборна единица | ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | ДУИ | ДПА | НДП | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | |||||||||||||
ИЕ 1 | 74,102 | 37.49% | 69,429 | 35.12% | 19,405 | 9.82% | 10,295 | 5.21% | 5,053 | 2.56% | ||||||||||||
ИЕ 2 | 66,450 | 36.55% | 53,374 | 29.36% | 24,273 | 13.35% | 12,073 | 6.64% | 3,923 | 2.16% | ||||||||||||
ИЕ 3 | 102,430 | 50.72% | 73,349 | 36.32% | 6,232 | 3.09% | 452 | 0.22% | ||||||||||||||
ИЕ 4 | 102,918 | 49.72% | 89,516 | 43.25% | ||||||||||||||||||
ИЕ 5 | 70,019 | 38.65% | 64,984 | 35.87% | 14,992 | 8.27% | 7,529 | 4.16% | 3,660 | 2.02% | ||||||||||||
ИЕ 6 | 22,219 | 14.38% | 17,844 | 11.55% | 50,190 | 32.49% | 35,966 | 23.28% | 17,360 | 11.24% | ||||||||||||
Вкупно | 438,138 | 38.98 | 368,496 | 32.78 | 115,092 | 10.24 | 66,315 | 5.90 | 29,996 | 2.67 | ||||||||||||
Извор: ДИК |
Генералната оценка на некои од невладините организации кои го набљудувале гласањето била дека изборниот процес поминал мирно и демократски. Американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Петер Соренсен за време на гласањето изјавиле дека од тоа што можеле да го видат на терен изборите се одвивале во најдобар ред.
Околу 60 граѓани пријавиле нерегуларности за време на изборниот ден до канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем дел од поплаките се од граѓани кои не можеле да го најдат избирачкото место, но имало и пријави за притисоци и заплашувања.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.