Македонски народни приказни се екранизација на голем број македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други). Овие кратки ТВ-епизоди биле снимени од страна на ТВ-Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

Кратки факти Македонски народни приказни, Жанр ...
Македонски народни приказни
Thumb
Жанрдрама
Напишана одШенка Колозова
Режирана одДраган Велјановски
(1984-2003)
Миле Грозданоски
(2009-2010)
Душко Ѓорѓиоски
(2010-2013)
Томислав Алексов
(2013-2015)
УлогиЃорѓи Колозов
Шенка Колозова
Гоце Тодоровски
Ванчо Петрушевски
Лазар Бараков
Гоце Влахов
Стојна Костовска
Иван Каровски
Кирил Андоновски
Димче Мешковски
Снежана Киселичка
Кире Печијаревски
Владимир Ангеловски
Александар Шехтански
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Производство
Времетраење18 — 40 минути
Прикажување
Првична мрежаМРТ 1
Првично прикажување1984 — 2003 (стар серијал)
2009 — 2015 (нов серијал)
Затвори

Глумечка екипа

Како дел од старата глумечка екипа се следните глумци:

Некои од старите глумци беа дел и од новите сезони снимани во продукција на МТВ, Сител, А1 и Канал 5.

Режисери

Нови сезони

Нова сезона во продукција на МТВ

На 7 октомври 2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова. Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски, Душко Ѓорѓиоски, Миле Грозданоски и Томислав Алексов. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков[1]. Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.

Глумечката екипа е[1]:

Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ. Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ[1].

Нова сезона во продукција на А1-телевизија

Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова глумечка екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер.

Глумци:
Сценарио:

Нова сезона во продукција на Сител Телевизија

Покрај МТВ и А1 Телевизија, македонски народни приказни се снимаат и во продукција на Сител Телевизија. Приказните биле во режија на Драган Велјановски во период од 2010 до 2013 година, потоа од 2014 се во режија на Владо Дојчиновски. Сценариото го пишувале Шенка Колозова, Стево Симски и Владо Дојчиновски.

Глумци:

Нова сезона во продукција на Канал 5 Телевизија

Покрај МТВ, А1 и Сител ТВ, македонски народни приказни се снимаше и во продукцијата на Канал 5 Телевизија. Приказните биле во режија на Никола Поповски и Венцислав Ристов, извршен продуцент на приказните бил Јани Бојаџи. Приказните се снимаа во период од 2012 до 2017 година.

Глумци:

Нова сезона во продукција на Телевизија Алфа

Покрај МТВ, А1, Сител и Канал 5, македонски народни приказни се снимаат и во продукција на Телевизија Алфа. Во 2020 година почнаа да се снимаат приказни во режија и сценарио на Максим Илковски, извршен продуцент Јани Бојаџи. Во некои епизоди како режисер се јавува и Никола Поповски.

Глумци:

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.