From Wikipedia, the free encyclopedia
Маја Вељковиќ Пановска (родена на 21 февруари 1971 во Скопје) — македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Владимир Милчин. Во 1999 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје. Од тогаш, таа остварила главни и споредни улоги во бројни претстави не само во матичниот театар, туку и во другите театарски установи во државата. Во период од 2023 до 2024 година, Пановска е директор на Драмски театар - Скопје.
Маја Вељковиќ-Пановска | ||
Родена | 21 февруари 1971 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Бардо Големата вода Последниот фалцер | |
Занимање | глумица |
Вељковиќ-Пановска ги остварила филмските улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1998 | Денес, утре ТВ-филм | Санела |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Продавачка на карти |
2003 | Последниот фалцер ТВ-филм | Венда |
2004 | Големата вода ТВ-филм | |
2007 | Елегија за тебе ТВ-филм | Рахилка |
2010-2011 | Од денес за утре ТВ-серија | Жена 2 |
2012 | Бардо ТВ-филм | Мајката |
2013 | Старо купуем ТВ-филм | Цеца |
2014 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Царицата |
2015 | Незрели цреши ТВ-филм | |
2017-2019 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Вера |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.