Од денес за утре (телевизиска серија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Од денес за утре (телевизиска серија)

Од денес за утре — македонска телевизиска серија создадена од Иво Лауренчиќ, која се емитувала на Сител телевизија. Во серијата се работи за фиктивното семејство Броз, просечно македонско семејство од средната класа кое се обидува да ги преживее секојдневните проблеми и неочекувани настани. Својата премиера ја имаше на 3 октомври 2010.

Кратки факти Од денес за утре, Жанр ...
Од денес за утре
Thumb
Жанрдрама
комедија
Создадена одИво Лауренчиќ
Напишана одБратислав Димитров
Предраг Перишиќ
Режирана одИво Лауренчиќ
УлогиЅвезда Ангеловска
Митко Апостоловски
Билјана Беличанец-Алексиќ
Сенко Велинов
Ленче Делова
Шусјин Дунг
Диме Илиев
Влатко Илиевски
Јовица Михајловски
Јасмина Поповска
Ана Стојановска
Марко Чаласан
Композитор(и)Ристо Самарџиев
Земја на потекло Македонија
Првичен јазикмакедонски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди16
Производство
Извршен продуцент(и)Игор Цветковски
Владимир Дојчиновски
МестоположбаСкопје, Македонија
Продукциска куќаИдеја Плус комуникации
Прикажување
Првична мрежаСител телевизија
Првично прикажувањеНедела во 19:30
Преместена во 20:00 часот 3 октомври 2010 – 16 јануари 2011
Затвори

Глумечка екипа

Сенко Велинков го толкува главниот лик Томче „Трикотажа“ Броз, поранешен директор на пропадната фирма за трикотажа, Билјана Беличанец-Алексиќ ја толкува неговата жена Цветанка, професорка по историја, Влатко Илиевски и Ана Стојаноска ги играат нивните деца, Бојан и Калина Броз, соодветно.[1]

Сценскиот глумец, Јовица Михајловски го толкува ликот на Ал Капоне, со Марко Чаласан во улогата на неговиот син. Глумецот Диме Илиев го толкува ликот на Боге, братот близнак на Томче. Глумиците Јасмина Поповска и Ленче Делова сестрите Пепи и Ружица, соодветно. Глумецот Митко Апостоловски го толкува Сајо, сосед на семејството Броз и Ѕвезда Ангеловска ја толкува Софи, секретарката на Томче. Шусјин Дунг, како специјална гостинка од Кина ја игра На Ли, студентка и љубовен интерес на Бојан.[1][2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.