Влатко Илиевски

македонски пејач и глумец From Wikipedia, the free encyclopedia

Влатко Илиевски

Влатко Илиевски (2 јули 1985 - 6 јули 2018 ) — македонски пејач на поп и рок-музика. Својата кариера ја започнал на почетокот на 2000-те и се стекнал со голема популарност ширум македонската публика. Изведувал музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставувал Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.[1] Пред да ја почне својата соло кариера, тој бил дел од музичката група „Морал“.[2] Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломирал со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

Не е исто со Владо Илиевски.
Кратки факти Влатко Илиевски, Животописни податоци ...
Влатко Илиевски
Thumb
Влатко Илиевски настапувајќи
на Евровизија 2011
Животописни податоци
Роден(а)2 јули 1985(1985-07-02)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Починал(а)6 јули 2018(2018-07-06) (возр. 33)
Скопје, Македонија
Жанровипоп, рок
Занимањапејач, глумец
Период на активност2000 – 2018
ИздавачиPlan B Production
Затвори

Детство

Илиевски е роден на 2 јули 1985 година во Скопје. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две награди.

Кариера

„Морал“

Во 2001 година, македонскиот рок бенд „Морал“ го повикува Влатко Илиевски на аудиција. Истата 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во почетокот на 2002 година пошироката јавност го запознава Влатко како пејач на бендот со инстант успешниот видео спот "Мора да е кошмар". Веќе наредниот видео спот на "Морал" со големиот хит "Кога патувам" го етаблира Влатко како следна голема музичка звезда на македонското небо, и групата и Влатко ја добиваат Златната бубамара за најдобар нов пејач. Во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во тој период тие се едни од најпопуларните изведувачи во Македонија иако свиреа хард рок, музички жанр кој никогаш не бил добро прифаќан од македонските медиуми. Во 2004 година по издавањето на албумот Морал ја добива наградата "12 величествени" на МРТ за група на годината во Македонија. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Прпл“ (Deep Purple) во Скопје. После неколкугодишна пауза во нивната работа поради сопствената соло кариера, со "Moрал" Влатко Илиевски го снима и албумот "Кофеин Блуз". При крај на 2017 година тие го издаваат албумот, а на почетокот на 2018 го прават нивниот последен заеднички концерт.

Соло кариера

Влатко ја започнал својата соло кариера во 2007 година. Неговите попознати песни се „Небо“, „Уште си ми ти“, „Со Други Зборови“, „Не те можам“,[2] „Taка требало да биде“, „Се што сакав после тебе“, „Сите ми се криви“, „Гушни ме“ , „Скитник“, „Најбогат на свет“, „Роза сина“, „Исцеление“, „Пак на старо“, „За љубов се пее до крај“, „Работнички шампионе“, „Среќа“ и „Есен“. Влатко Илиевски беше и првиот македонски пејач кој ја наполни арената "Борис Tрајковски" со свој концерт.

Албуми

Првиот албум на Влатко Илиевски бил „Со други зборови“ и имал 10 песни: „Со други зборови“, „И премногу добро“, „Сите ми се криви“, „Така требало да биде“, „Уште си ми ти“, „Не те можам“, „Гушни ме“ , „Од утре не“, „Небо“, „Скитник“.[3]

Неговиот втор албум е „Најбогат на свет“ и имал исто така 10 песни: „Среќа“, „Пред да те знам“, „И ти и јас“, „Се што сакав по тебе“, „Пак на старо“, „Најбогат на свет“, „Есен“, „За љубов се пее до крај“, „Не плачи“, „Извини“ и „Небо“.

Филмографија

Повеќе информации Год., Назив ...
Год. Назив Улога Канал
2000-ти
2002Наше маало ТВ-серијаДејанСкај Нет
2010-ти
2010Од денес за утре ТВ-серијаБојанСител
2014Кум ТВ-серијаМаикАлфа ТВ
2016Златна петорка ТВ-филмТониМРТ 1
2017Љубов и Предавство ТВ-серијаТониМРТ 1
2017Бушави глави ТВ-серијаМузичарНаша ТВ
2017Преспав ТВ-серијаГостинот24 ТВ
Затвори

Смрт

Илиевски починал вечерта на 6 јули 2018 г. Иако се појавија шпекулации од страна на извесни портали во врска со причината за смрт, официјално соопштение сè уште нема. Во тек е истражна постапка.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.