македонски пејач и глумец From Wikipedia, the free encyclopedia
Влатко Илиевски (2 јули 1985 - 6 јули 2018 ) — македонски пејач на поп и рок-музика. Својата кариера ја започнал на почетокот на 2000-те и се стекнал со голема популарност ширум македонската публика. Изведувал музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставувал Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.[1] Пред да ја почне својата соло кариера, тој бил дел од музичката група „Морал“.[2] Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломирал со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.
Влатко Илиевски | |
---|---|
Влатко Илиевски настапувајќи на Евровизија 2011 | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 2 јули 1985 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Починал(а) | 6 јули 2018 33) Скопје, Македонија | (возр.
Жанрови | поп, рок |
Занимања | пејач, глумец |
Период на активност | 2000 – 2018 |
Издавачи | Plan B Production |
Илиевски е роден на 2 јули 1985 година во Скопје. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две награди.
Во 2001 година, македонскиот рок бенд „Морал“ го повикува Влатко Илиевски на аудиција. Истата 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во почетокот на 2002 година пошироката јавност го запознава Влатко како пејач на бендот со инстант успешниот видео спот "Мора да е кошмар". Веќе наредниот видео спот на "Морал" со големиот хит "Кога патувам" го етаблира Влатко како следна голема музичка звезда на македонското небо, и групата и Влатко ја добиваат Златната бубамара за најдобар нов пејач. Во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во тој период тие се едни од најпопуларните изведувачи во Македонија иако свиреа хард рок, музички жанр кој никогаш не бил добро прифаќан од македонските медиуми. Во 2004 година по издавањето на албумот Морал ја добива наградата "12 величествени" на МРТ за група на годината во Македонија. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Прпл“ (Deep Purple) во Скопје. После неколкугодишна пауза во нивната работа поради сопствената соло кариера, со "Moрал" Влатко Илиевски го снима и албумот "Кофеин Блуз". При крај на 2017 година тие го издаваат албумот, а на почетокот на 2018 го прават нивниот последен заеднички концерт.
Влатко ја започнал својата соло кариера во 2007 година. Неговите попознати песни се „Небо“, „Уште си ми ти“, „Со Други Зборови“, „Не те можам“,[2] „Taка требало да биде“, „Се што сакав после тебе“, „Сите ми се криви“, „Гушни ме“ , „Скитник“, „Најбогат на свет“, „Роза сина“, „Исцеление“, „Пак на старо“, „За љубов се пее до крај“, „Работнички шампионе“, „Среќа“ и „Есен“. Влатко Илиевски беше и првиот македонски пејач кој ја наполни арената "Борис Tрајковски" со свој концерт.
Првиот албум на Влатко Илиевски бил „Со други зборови“ и имал 10 песни: „Со други зборови“, „И премногу добро“, „Сите ми се криви“, „Така требало да биде“, „Уште си ми ти“, „Не те можам“, „Гушни ме“ , „Од утре не“, „Небо“, „Скитник“.[3]
Неговиот втор албум е „Најбогат на свет“ и имал исто така 10 песни: „Среќа“, „Пред да те знам“, „И ти и јас“, „Се што сакав по тебе“, „Пак на старо“, „Најбогат на свет“, „Есен“, „За љубов се пее до крај“, „Не плачи“, „Извини“ и „Небо“.
Год. | Назив | Улога | Канал |
---|---|---|---|
2000-ти | |||
2002 | Наше маало ТВ-серија | Дејан | Скај Нет |
2010-ти | |||
2010 | Од денес за утре ТВ-серија | Бојан | Сител |
2014 | Кум ТВ-серија | Маик | Алфа ТВ |
2016 | Златна петорка ТВ-филм | Тони | МРТ 1 |
2017 | Љубов и Предавство ТВ-серија | Тони | МРТ 1 |
2017 | Бушави глави ТВ-серија | Музичар | Наша ТВ |
2017 | Преспав ТВ-серија | Гостинот | 24 ТВ |
Илиевски починал вечерта на 6 јули 2018 г. Иако се појавија шпекулации од страна на извесни портали во врска со причината за смрт, официјално соопштение сè уште нема. Во тек е истражна постапка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.