Бардо (филм)

македонски филм од 2012 година во режија на Марија Апчевска, а сценариото е на Марија Апчевска и Катерина Момева From Wikipedia, the free encyclopedia

Бардомакедонски филм од 2012 година во режија на Марија Апчевска, а сценариото е на Марија Апчевска и Катерина Момева. Главните улоги ги играат Кирил Псалтиров, Љупка Џундева, Марин Бабиќ, Катерина Шехтанска, Данчо Чевревски и Маја Вељковиќ-Пановска.

Резиме

Тибетскиот збор бардо буквално значи „средна состојба“, но се преведува и како преодна состојба или состојба помеѓу. Тоа е состојба која лежи помеѓу две други состојби, помеѓу животот и смртта, тагата и радоста, да се биде дете и да се расте. Бардо е приказна за двајца пријатели, мало девојче и балон кој ја потсетува на нејзиниот татко. Приказна за светот на едно мало девојче кое доаѓа лице в лице со светот на возрасните додека присуствува на погребот на нејзиниот татко.[1]

Улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...
Глумец Улога
Кирил Псалтиров Дедото
Љупка Џундева Бабата
Марин Бабиќ Попот
Катерина Шехтанска Младата девојка
Данчо Чевревски Вујкото
Маја Вељковиќ-Пановска Мајката
Душица Стојановска Тетката
Нино Леви Продавач на свеќи
Мајда Тушар
Марија Благоевска Мало девојче
Затвори

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.