Катерина Коцевска

македонска актерка From Wikipedia, the free encyclopedia

Катерина Коцевска

Катерина Коцевска (родена на 11 април 1959 во Скопје) — македонска театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1982 година во класата на професорот Вукан Диневски. Од 1983 година, таа станала член на ансамблот на Драмски театар - Скопје. Од тогаш остварила бројни главни и споредни улоги во претстави на Драмскиот театар, но и во другите театарски установи во Македонија. Од 2019 до 2023 година, таа била директор на Драмски театар - Скопје.

Филмографија

Година Филм Улога
1982Илинден ТВ-серија
1983Записник ТВ-филм
1984Исчекување ТВ-филм
1984Хихирику - 5 години ТВ-филм
1985Од зад грб ТВ-филм
1985Тетовирани души ТВ-филм
1985На наш начин ТВ-серија
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филмМарија
1987Хај-фај ТВ-серија
1987Театарче лево ќоше ТВ-филм
1987-1989Трст виа Скопје ТВ-серија
1988Викенд на мртовци ТВ-серијаМедицинска сестра
1988Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1989-1990Македонски народни приказни ТВ-серија
1990Северна грешка ТВ-филмГена
1990Алф од Ново Лисиче ТВ-серијаМица
1990-1991Еурека ТВ-серијаСекретарката
1991Македонија може ТВ-филмЗора
1991Во кафулето кај Гане ТВ-серијаСигма
1991Стрес или погрешна нота ТВ-серија
1992Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1992Хераклеа по втор пат ТВ-филм
1994Пред дождот ТВ-филмКате
1995Во светот на бајките ТВ-серија
1996Македонски народни приказни ТВ-серија
1996Самоуништување ТВ-филмСтојна
1998Салон Хармони ТВ-серијаСваќата
1999Хихирику Радио-емисија
2000Вета ТВ-филм
2000Погрешно време ТВ-серија
2000Стрес или погрешна нота ТВ-филмЕли
2000-2001Светот има осум страни ТВ-серијаКралицата
2001Агенција осамени срца ТВ-серијаЦутика
2002Наше маало ТВ-серијаМајка на Ице
2004Хихирику Радио-емисија
2005Обични луѓе ТВ-серија
2010-2012Македонски стари приказни ТВ-серија
2011Турни ме да Кинисам ТВ-серијаБлагородна
2015Три дена во септември ТВ-филм
2018Сонуваат за крв и душа ТВ-филмСудија
2019Дедо и внук ТВ-филмКатерина
2019Скопје 2020 ТВ-филмДоктор
2022Снежана на крајот умира ТВ-филмСлавка
2023Бизнисот на задоволството ТВ-филмНадежда

Театарски претстави

  • Еригон, од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, 1982
  • Хај фај од Горан Стефановски, р. Љ. Георгиевски
  • Карамазови од Душан ЈовановиЌ, р. Паоло Маѓели
  • Р..
  • Салома
  • Тетовирани души
  • Mалата сирена
  • Закопаното дете
  • Смртта на Дантон
  • Стапица
  • Собирен центар
  • Медеја
  • Ало будење
  • Чија си
  • Не сега драга
  • Питачка опера
  • Нашиот непрежален од 2007 година, освен како глумец се појавува и како автор на текстот, под псевдоним.
  • Солунски патрдии
  • Хамлет
  • Како да ја убиеш сопругата и зошто

Награди

  • Награда на ССММ за улогата на Мира
  • Награда „Војдан Чернодрински“ за најдобра глумица
  • Награда за најдобро глумечко остварување „Војдан Чернодрински“, 1984
  • Награда на фестивалот на Југословенскиот театар Сараево, за најдобра млада глумица во Југославија, 1985
  • Награда за извонредна глумечка двојка во претставата „Брачна игра“, за време на Сеукраинскиот фестивал „Тернопилски вечери“, Тернопил, Украина, 2003
  • Награда од публиката за најдобро глумечко остварување за улогата на ликот Илиен во претставата „Брачна игра“, 2005

ТВ и Радио улоги

  • Записник, тв драма, а потоа серија
  • Хераклеја по вторпат, ТВ филм
  • Исчекување, ТВ филм
  • Ѕвездите на 42, ТВ филм
  • Дивеч за одстрел, ТВ филм
  • Обични луѓе, ТВ серија
  • Хихирику, Радио серија
  • Во светот на бајките, ТВ серија
  • Македонски народни приказни, ТВ серија
  • Трст виа Скопје, ТВ серија

Филмски улоги

  • П, Филм
  • Пред дождот, Филм, режија Милчо Манчевски
  • Викенд на мртовци, Филм режија Коле Ангеловски
  • Вријеме ратника, режија Дејан Шорак
  • Самоуништување, режија на Ербил Алтанај
  • Вета, режија Теона Митевска

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.