општина во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Л’Аквила (италијански: L'Aquila) — град во средна Италија, главен град на регионот Абруцо и главен град на истоимената област. Сепак, тоа не е најголемиот град и економски најзначајниот бидејќи тука е крајбрежниот Пескара.
Л’Аквила | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Општина Л’Аквила | |||
Главниот плоштад во Л’Аквила | |||
Земја | Италија | ||
Регион | Абруцо | ||
Покраина | Л’Аквила | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Пјерлуиџи Бионди (FdI) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 473,91 км2 (18,298 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 714||
Население (декември 31, 2013)[1] | |||
• Вкупно | 70.967 | ||
• Густина | 1,5/км2 (3,9/ми2) | ||
Демоним | Аквилани | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 67100 | ||
Повик. бр. | 0862 | ||
Светец-заштитник | св. Максим Еквитиј, св. Петар Целестин, св. Бернардин Сиенски | ||
Слава | 10 јуни | ||
Мреж. место | Матична страница |
Аквила е познат како највисокиот голем град во централна Италија.
Л’Аквила на италијански значи „орел“.
Л’Аквила се наоѓа во централна Италија. Градот е 120 километри североисточно од главниот град Рим и 200 километри западно од Пескара.
Релјеф: Л’Аквила се развила на многу високо земјиште во централните Апенини . Висината на градот е околу 710–720 м надморска височина. Градот е опкружен со највисоките врвови на Апенините, а на околу 15 километри источно од градот се наоѓа Гран Сасо (2.912 м надморска височина), највисокиот врв на Апенинскиот полуостров.
Клима: Климата во Л’Аквила е умерено континентална поради значителната надморска височина. Соодветно на тоа, климата е многу поостра отколку во околните градови, кои се блиску до морето и на помала надморска височина. Снегот во градот е редовен зимски феномен, кој е многу редок во централна Италија.
Климатски податоци за Stazione Meteo L'Aquila 42°22′N 13°21′E | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 6.4 (43.5) |
8.5 (47.3) |
12.3 (54.1) |
16.3 (61.3) |
20.9 (69.6) |
25.3 (77.5) |
29.0 (84.2) |
29.1 (84.4) |
24.7 (76.5) |
18.4 (65.1) |
12.2 (54) |
7.4 (45.3) |
17.54 (63.57) |
Сред. дневна °C (°F) | 2.3 (36.1) |
3.8 (38.8) |
7.0 (44.6) |
10.7 (51.3) |
14.9 (58.8) |
18.7 (65.7) |
21.6 (70.9) |
21.6 (70.9) |
18.1 (64.6) |
12.8 (55) |
7.8 (46) |
3.7 (38.7) |
11.92 (53.45) |
Прос. ниска °C (°F) | −1.8 (28.8) |
−1.0 (30.2) |
1.7 (35.1) |
5.0 (41) |
8.8 (47.8) |
12.2 (54) |
14.2 (57.6) |
14.1 (57.4) |
11.4 (52.5) |
7.2 (45) |
3.3 (37.9) |
−0.1 (31.8) |
6.25 (43.26) |
Прос. дожд мм (ин) | 66.1 (2.602) |
64.5 (2.539) |
51.2 (2.016) |
56.6 (2.228) |
51.0 (2.008) |
46.1 (1.815) |
34.7 (1.366) |
37.7 (1.484) |
52.8 (2.079) |
66.3 (2.61) |
91.3 (3.594) |
83.7 (3.295) |
702 (27.636) |
Прос. снег см (ин) | 27 (10.6) |
19.8 (7.8) |
7.2 (2.83) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
13.8 (5.43) |
67.8 (26.66) |
Прос. бр. дождливи денови | 8 | 8 | 8 | 9 | 8 | 6 | 5 | 5 | 6 | 8 | 10 | 10 | 91 |
Прос. бр. снежни денови | 3 | 2.2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1.6 | 7.8 |
Извор: [2] |
Води : Л’Аквила поради високата надморска височина градот нема големи водотеци, но низ градот течат неколку мали потоци.
Населба на ова место првпат се појавила во 13 век. Владетелите на Кралството на двете Сицилии изградиле населба опкружена со масивни ѕидини во обид да обезбедат власт во овие краишта на своето кралство. Градот, како утврдено и безбедно место, набрзо станал важен политички центар на Кралството Двете Сицилии.
Л’Аквила била припоена во 1860 година кон новооснованата Италија. Веднаш станала главен град на провинцијата Абруцо и Молизе, подоцна само на Абруцо.
Низ историјата, градот често бил потресен од земјотреси. Па во 2009 година бил тешко уништен од земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.[3]
Според резултатите од пописот на населението во 2013 година, во општината живееле 70 967 жители.[4]
1931 | 1936 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2013 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
51 174 | 51 160 | 54 633 | 56 019 | 60 131 | 63 678 | 66 813 | 68 503 | 66 964 | 70 967 |
Во 2008 година Л’Аквила имала околу 73.000 жители, 1,5 пати повеќе отколку на почетокот на 20 век.
Денес, во градот има и голем број доселеници.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.