Луксор
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Луксор (/ˈlʌksɔr,_ˈlʊkʔ/;[2] арапски: الأقصر l-aqṣur, Предлошка:IPA-arz, горноарапски изговор: [ˈloɡsˤor]; сахидски коптски: ⲡⲁⲡⲉ Pape,[3] Предлошка:IPA-cop) ― град во Горен (јужен) Египет и е главен град на Областа Луксор. Населението брои 127,994 жители (проценка од 2020 година),[1] со приближна површина од 417 км2.[4] Тој е меѓу најстарите населени градови во светот.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Луксор الأقصر ⲡⲁⲡⲉ ⲡϣⲟⲙⲧ ⲛ̀ⲕⲁⲥⲧⲣⲟⲛ | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Град | |||||||
Од горе, лево кон десно: Храмот во Луксор, Рамзес II, Џамијата Абу Хагаг, Ресортот Кродилски Остров, фелуки на Нил | |||||||
Прекар(и): Град на дворците | |||||||
Држава | Египет | ||||||
Област | Луксор | ||||||
Површина | |||||||
• Вкупна | 416 км2 (161 ми2) | ||||||
Надм. вис. | м | 76||||||
Население (2020) | |||||||
• Вкупно | 1,328,429[1] | ||||||
• Демоним | Луксорец/ка | ||||||
Час. појас | ИЕВ (UTC+02:00) | ||||||
Повик. бр. | (+20) 95 | ||||||
Мреж. место | luxor.gov.eg | ||||||
Службен назив: Стара Теба и нејзината некропола | |||||||
Тип: | Културолошки | ||||||
Критериуми: | i, iii, vi | ||||||
Прогласено: | 1979 (3. сесија) | ||||||
Број | 87 | ||||||
Регион: | Египет, Северна Африка, Африкански сојуз |
Современиот град го вклучува местото на староегипетскиот град Васет/Уасет, исто така познат како Нут (коптски: ⲛⲏ)[5] а на Грците како Теба или Диосполис. Луксор често се одликува како „најголем музеј на отворено во светот“, бидејќи урнатините на комплексите храм во Карнак и Луксор стојат во современиот град. Веднаш спроти, преку реката Нил лежат спомениците, храмовите и гробниците на Некрополата на западниот брег, кој ги вклучува Долината на кралевите и Долината на кралиците.
Илјадници туристи од целиот свет пристигнуваат годишно за да ги посетат овие споменици, што придонесува многу за економијата на современиот град.
Името Луксор доаѓа од арапскиот јазик al-quṣūr (القصور), lit. "палатите,"од 'мн.од qaṣr (قصر), кој е заемка од латинскиот castrum "утврден камп".[6]
Луксор е древен град во Теба, најголемото средиште во Египет во текот на Новото Кралство и величествен град на богот Амон – Ра. Во древни египетски текстови градот се смета за w3s.t (приближно изговарање: "Васет"), што значи "град од жезол" и исто како t3 ip3t (конвенционално изговорено како "ta ipet" и со значење "светилиште") и потоа, во подоцнежниот период, Грците го нарекуваат Тебе и Римјаните после нив го нарекуваат Тебае. Теба исто така е позната како „Градот на стоте порти“, понекогаш нарекувана „Јужен Хелиополис“ ('Iunu-shemaa' на староегипетски), за да се разликува од градот Луну или Хелиополис, главното место на идолопоклонство за богот Ре на север. Исто така често се однесува на niw.t, што едноставно значи "град", и е еден од само трите градови во Египет за кои беше употребена оваа именка (другите два се Мемфис и Хелиополис); и исто така е наречен niw.t rst, "јужен град", како најјужен од нив.
Важноста на градот започнала исто толку рано колку и 11. Династија,кога градот прераснал во напреден град, познат по неговиот висок општествен статус и раскош, но исто така и како центар за мудрост, уметност, религиозна и политичка надмоќ.[7] Монтухотеп II кој го обедини Египет по невојлите од првиот посреднички период донел стабилност во земјата со што градот растел со реноме. Фараоните од Новото Кралство во нивните експедиции до Куш, денес во северен Судан, и до земјата на Канаан, Феникија и Сирија го видоа градот како акумулира огромно богатство и станува познат, дури и на светската скала.[7] Теба игра главна улога во истерување на инвазиските сили на Хајксос од горен Египет, и од времето на 18. Династија сè до 20. Династија, градот прераснал во најголем политичко, верско и воено средиште на Стар Египет.
Градот привлекувал народи како Вавилонците, Митаните, Хетитите од Анадолија (денешна Турција), Канаанитите од Угарит, Феникијците од Библос и Тир, Миноанците од островот Крит.[7] Дури и хетитскиот принц од Анадолија дошол да се ожени со вдовицата на Тутанкамон, Анкесенамон.[7] Политичката и воената важност на градот, сепак, избледила во текот на доцниот период, со тоа што повеќе градови во северен Египет ја замениле Теба како политички центар, како што се Бубаст, Саj и на крајот Александрија.
Сепак, како град на богот Амон – Ра, Теба останал религиозен центар на Египет сè до македонскиот период.[7] Главниот бог на градот е Амон, кој бил обожаван заедно со неговата жена, божицата Мут, и нивниот син Консу, бог на месечината. Со издигнувањето на Теба како најважен град во Египет, локалниот бог Амон се издигнал исто така и како значаен и се поврзал со богот на сонцето Ра, на тој начин создавајќи нов “крал на боговите”'Амон – Ра. Неговиот голем храм во Карнак северно од Теба, претставува најважниот храм во Египет сè до крајот на антиката.
Подоцна, градот го нападнал асирскиот император Асурбанипал кој го сместил либискиот принц на престолот, Псаметикус.[7] Градот Теба бил под рушевини, но и опаднал во значење. Сепак, Александар Македонски пристигнал во храмот на Амун, каде статуата на богот беше префрлена од Карнак во текот на фестивалот Опет, големиот религиозен собор.[7] Големината на Теба сè уште ќе остане место на спиритуалноста и ќе привлекува бројни христијански монаси во Римското Кралство кои основале манастири во неколку древни споменици вклучувајќи го храмот Хатшепсут, денес нарекуван Деир ел – Бахри ("северен манастир").[7]
Копен – Гајгер систем за класификација на клима ја класифицира нејзината клима како жешка -пустинска. Луксор, Миња, Сохаг, Кена и Асјут ја имаат најголема разлика во температурите помеѓу денови и ноќи од кој било град во Египет, со речиси 16 °C разлика. Дополнително, Асван и Луксор имаат најжешки летни денови од кој било друг град во Египет.[8] Врнежите во Луксор е ретки.
Нависоката температура забележана е на 15 мај 1991 г., која изнесувала 50 °C а најниската температура е на 6 февруари 1989 г., која изнесувала -1 °C.[9]
Климатски податоци за Луксор | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 33 (91) |
37 (99) |
43 (109) |
46 (115) |
50 (122) |
50 (122) |
49 (120) |
49 (120) |
46 (115) |
44 (111) |
30 (86) |
37 (99) |
50 (122) |
Прос. висока °C (°F) | 23 (73) |
25.4 (77.7) |
27.4 (81.3) |
35 (95) |
39.2 (102.6) |
41.4 (106.5) |
41.1 (106) |
40.4 (104.7) |
38.8 (101.8) |
35.3 (95.5) |
28.9 (84) |
24.4 (75.9) |
33.36 (92) |
Сред. дневна °C (°F) | 15.0 (59) |
16.2 (61.2) |
20.5 (68.9) |
25.6 (78.1) |
29.6 (85.3) |
32.2 (90) |
32.3 (90.1) |
31.8 (89.2) |
29.7 (85.5) |
25.9 (78.6) |
20.8 (69.4) |
16.1 (61) |
24.64 (76.36) |
Прос. ниска °C (°F) | 7.0 (44.6) |
8.1 (46.6) |
12.4 (54.3) |
16 (61) |
20.2 (68.4) |
22.6 (72.7) |
23.6 (74.5) |
23.2 (73.8) |
21.3 (70.3) |
17.3 (63.1) |
13.4 (56.1) |
8.1 (46.6) |
16.1 (61) |
Најниска забележана °C (°F) | −1 (30) |
−1 (30) |
1 (34) |
6 (43) |
12 (54) |
12 (54) |
15 (59) |
13 (55) |
13 (55) |
10 (50) |
1 (34) |
0 (32) |
−1 (30) |
Прос. врнежи мм (ин) | 0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
1 (0.04) |
0 (0) |
0 (0) |
1 (0.04) |
Прос. релативна влажност (%) | 55 | 47 | 39 | 31 | 29 | 27 | 30 | 33 | 37 | 43 | 51 | 57 | 39.92 |
Сред. бр. сончеви часови дневно | 9 | 10 | 10 | 10 | 11 | 12 | 12 | 12 | 11 | 10 | 10 | 9 | 10.5 |
Извор бр. 1: Climate Charts[10] | |||||||||||||
Извор бр. 2: Voodoo Skies for record temperatures,[9] Weather2Travel for sunshine[11] |
Економијата на Луксор,како онаа на многу други египетски градови, зависи многу од туризмот. Голем број луѓе исто така работат земјоделство, особено шеќерна трска.
Локалната економија, зависна од туризмот, беше многу погодена со масакрот во Луксород 1997г., во која целосна бројка од 64 луѓе (вклучувајќи 59 туристи) беа убиени, во времето на најлошиот терористички напад во Египет (пред терористичките напади на Шарм ел – Шеик).[12] Масакрот го намалил бројот на туристи за неколку години.[13] По Арапската пролет од 2011г., туризмот во Египет значително опаднал, повторно засегнувајќи ги локалните туристички пазари.
За да се надополни дефицитот од приходот, многумина ја одгледуваа нивната храна. Козјо сирење, гулаби, дотиран и домашно – испечен леб и домашно одгледани домати се секојдневните производи помеѓу поголемиот дел од жителите.
Контроверзниот туристички развоен план цели да го промени Луксор во огромен музеј на отворено. Главниот планот предвидува нови патишта, хотели со пет ѕвезди, гламурозни продавници и IMAX театар. Главната знаменитост е 11 милиони вредниот проект за да ја откопа и обнови 2.7 км долгата Авенија на Сфингите што некогаш ги поврзувала храмовите Луксор и Карнак. Древниот церемонијален пат го изградил фараонот Аменхотеп III и го зел неговиот краен облик под Нектанеб I во 400 п.н.е. Преку илјада статуи на сфинги го поредувале патот кој сега се ископува, а претходно бил покриен со тиња, домови, џамии и цркви. Ископувањето започнале околу 2004 година.[14]
Деветнаесет азиски и европски туристи погинаа кога рано во вторникот на 26 февруари 2013 г., балон на загреан воздух се сруши во близина на Луксор пропратен со експлозија. Тоа беше една од најлошите несреќи во кои се вклучени туристи во Египет и веројатно ја турна туристичката индустрија подлабоко во рецесија. Во мртвите се вбројуваат и француски, британски, унгарски, јапонски државјани и девет туристи од Хонгконг.[15]
Луксор е опслужуван од Меѓународниот аеродром Луксор.
Во 1998 година, бил отворен мост, неколку километри нагоре од главниот град на Луксор, овозможувајќи подготвен пристап од земја од исторниот брег до западниот брег. Сепак,традиционално, преминувањата на реката се домен од неколку ферибот служби. Таканаречениот 'месен ферибот' (исто така познат како 'Национален Ферибот') продолжува да управува од земја спротивно од храмот на Луксор. Единствената цена (јуни 2008 година) е 1 египетска фунта по патник за странци. Египетските државјани плаќаат само четвртина, 25 пиастери. Овој ферибот главно го користи месните жители иако голем број странци го користат.
Страните на западниот брег се подалеку отколку што си мислите и затоа ќе имате потреба од превоз – на пример такси возачите им се проближуваат на ферибот- патниците и се препорачува цената да се преговара претходно. Исто така постојат и локални автомобили кои возат до некои споменици за 25 пиастри, иако туристите ретко ги користат. Друга можност, моторните чамци ги обиколуваат двата брега од реката Нил цел ден овозможувајќи побрзо, но поскапо преминување на другата страна за 5 Л.Е.
Градот Луксор на источниот брег има неколку автобуски линии кои главно ги користат мештаните. Туристите често се потпираат на коњски кочии, наречени "calèches," за превоз или обиколка околу градот. Не барајте од возачите на calèche да одат на западниот брег, затоа што е многу далеку за коњите, или пак да не спомнувам дека е нелегално. Таксистите се многубројни и со релативни цени, а откако владата нареди дека такси возачите постари од дваесет години нема да им биде вратена дозволата, сега има многу современи такси со клима. Неодамна, беа изградени нови патишта во градот за да се справат со порастот на сообраќајот.
За национално патување долж линијата на Нил, железничката служба се обраќа неколкупати дневно. Исто така можат да се земаат утринскиот воз и возот со спиење од железницата која се наоѓа околу Предлошка:400m од храмот Луксор. Линијата се обарќа помеѓу неколку главни одредишта, вклучувајќи го Каиро на север и Асван на југ.
Луксор е збратимен со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.