Американски архитект From Wikipedia, the free encyclopedia
Луис Хенри Саливен (3 септември 1856, Бостон – 14 април 1924, Чикаго) бил американски архитект, кој се смета за претходник на рационализмот и татко на американскиот модернизам. Бил создавач на едни од првите облакодери, како и концепцијата на ограничена архитектура. Бил истакнат претставник на чикашката школа и еден од основоположниците на прерискиот стил. Бил и учител на Френк Лојд Рајт.
Луис Хенри Саливен | |
---|---|
Роден(а) | 3 септември 1856
Бостон, САД |
Починал(а) | 14 април 1924
Чикаго, САД |
Националност | Американец |
Зданија | Аудиториумска зграда |
Во една своја статија во 1896 година, Саливен за првпат го споменал законот според кој „формата ја следи функцијата“.[1]
Луис Хенри Саливен[2] се родил на 3 септември 1856 година во Бостон, во семејство на танчер, иселеник од Ирска и иселеничка од Швајцарија.[3] Детството го поминал, истражувајќи ја природата на имотот на неговите баба и дедо.[4] Завршил основно училиште во 1870 година, по што се запишал во англиската гимназија во Бостон. Но, неговите интереси се промениле, па долго време поминал, скитајќи по улиците низ Бостон и набљудувајќи ги зградите, од кои бил фасциниран. Така во 1872 година ја напуштил гимназијата и се запишал на МИТ, каде што изучувал архитектура.[4] На МИТ поминал само една година, а веќе во јуни 1873 се преселил во Филаделфија, каде што работел заедно со архитектот Френк Фурнес. Во меѓувреме неговите родители се преселиле во Чикаго. Откако заминал во Чикаго, се вработил кај Вилијам Ле Барон Џени.[3]
Во 1874 година, заминал во Париз, каде што студирал архитектура, но останал само кратко. во 1875 година се вратил во Чикаго, каде што се вработил кај Џонсон Еделман.[4] Во 1876 година му била доделена задачата да ја уреди внатрешноста на „Мрачната колиба“ во Чикаго, а Саливен истата ја завршил одлично, за што добил бројни пофалби.[4]
Со Данкмар Адлер, Саливен бил запознаен од страна на Џонсон Еделман. Во 1879 година, Еделман го напуштил Чикаго, па Саливен останал без работа, но веќе во 1880 година започнал да работи со Адлер.[5] Во 1883 година, Саливен станал соработник на Адлер, па фирмата го добила името Adler & Sullivan.[4] Двајцата, одлично соработувале и набргу го добиле признанието, „учители по архитектура“. Фирмата била ангажирана во изградба на околу 180 градби, главно административни, но и театри. Меѓу најпознатите градби, кои произлегле од соработништвото на Саливен со Адлер се „Аудиториумската зграда“, зградата на берзата во Чикаго и „Шилеровата зграда“.
Во 1887 година, во Adler & Sullivan се вработил Френк Лојд Рајт. Саливен, веднаш станал негов учител, а неговиот однос со Рајт, го потврдил и самиот Рајт, кој го нарекол „lieber-Meister“ („посакуван мајстор“).[6] Учителството на Саливен над Рајт имало големо влијание во создавањето на прерискиот стил.
Во 1895 година, Адлер го напуштил соработништвото по караница која настанала, кога овој сакал да ги вработи своите два сина во компанијата.[4]
Во март 1896 година, Саливен ја издал познатата статија „Уметнички поглед на високите административни згради“ во која за првпат го споменал законот, според кој „формата е последица на функцијата“. Во следните неколку години, бил малку активен. Сепак, во периодот од 1899 до 1904 година работел на изградбата на една од неговите најпознати градби, стоковната куќа Carson Pirie Scott во Чикаго.[4][5] Иако во помал број, во првите години од XX век, Саливен работел на изградбата на банки, придржувајќи се кон принципот на детални орнаменти. Негова најпозната градба од овој период е зградата на National Farmer's Bank во Оватона, која бил довршена во 1908 година.[4]
Обрнувајќи големо внимание на орнаментот при изградбата на градбите, Саливен работел и како цртач на орнаменти, а ја издал и книгата „Систем на архитектонскиот орнамент“, посветена на улогата на орнаментот во архитектурата.[5]
Во 1918 година, бил принуден да ја напушти својата канцеларија во Аудиториумската зграда. Бил во големи финансиски проблеми, но во 1919 година добил финансиска помошт од Френк Лојд Рајт и други пријатели.[4] Неговото здравје постепено се влошувало, имајќи бубрежни и срцеви проблеми. Починал на 14 април 1924 година во Чикаго.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.