Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во архитектурата и декоративната уметност, орнамент е декорација која се употребува за да се украсат делови од градбата или објектот. Архитектонскиот орнамент може да претставува резба од камен, дрви, скапоцени метали, но може да биде и малтерисан или изработен од глина или вметнат на површината како применет орнамент. Поголема разлика меѓу декоративните стилови и уметничките мотиви во архитектурата и применетите уметности била направена со вклучувањето на грнчарството, изработката на мебел, како и механичката изработка. Во текстилот, хартијата, како и другите објекти, на кои декорацијата може да биде најзначаен елемент за нивниот изглед, повеќе се употребуваат поимите декорација или дизајн.
Во еден свој есеј, од 1941[1], аритектонскиот историчар, Сер Џон Самерсон, орнаментот го нарекол „попвршинска модулација“. Орнаментот е познат уште од почетоците на развојот на цивилизациите, почнувајќи од староегипетската архитектура, продолжувајќи низ сите доба на развојот, а е присутен и во современата архитектура.
Од 15. до 19. век, во Европа биле издавани „Декоративни книги“, коишто овозможувале да се видат декроативните елементи од целиот свет. Наполеон Бонапарт вклучил декорации од пирамидите и храмовците во Египет во книгата Опис на Египет. Во 1856, архитектот Овен Џонс ја издал книгата Граматика на орнаментот, во која вметнал декорации во боја од Египет, Турција, Сицилија и Шпанија. Тој престојувал во тврдината Алхамбра, со цел да го нацрта малтерисаниот распоред на орнаментите. Интерес во класичната архитектура се пројавило и на големото патување во доцниот среден век, како ис преведувањето на делата на Витрувиј и Микеланџело.
За време на 19. век, прифатлева употреба на орнамент и прецизна дефиниција станале изворите на естетските контроверзи во западната архитектура, меѓу академските архитекти и нивните критичари, што имало за цел да доведе до создавање на најприкладен стил. Во 1847, Томас Левертон Доналдсон запрашал:
„Големото прашање е дали треба да имаме архитектура на нашиот период, различен, единствен и опиплив од 19. век?“[2]
Во 1849, кога Метју Дигби Вајат присуствувал на француската индустриска изложба, која се одржала на Елисејските полиња во Париз, тој ги осудил современите поими во прифаќање за малтерисани орнаменти со зборовите:
„И внатрешно и надворешно, има добра работа во безвкусниот и непрофитабилен орнамент... Ако на секој едноставен материјал му се дозволи да ја отсликува својата приказна и линиите на конструкцијата водат до чувство за раскош, квалитетите на „сила“ и „вистина“, кои се енормно распространети мора да бидат осигурани, бидејќи може едвај да поубдат безуспешно восхитување и тоа со многу мала потрошувачка.“[3]
Односите со другите култури преку колонијализмот и новите откритија во археологијата ја прошириле достапноста и употребата на различните видови на орнамент, до негово поново оживување. По околу 1880, биле направени многу фотографии, кои ги претставувале деталите на орнаментите, а кои биле повеќе дури и од печатените материјали.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.