Локов
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Локов — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Караорман.
Локов | |
Поглед кон селото од ридот над него, а во позадина се гледа планината Караорман | |
Координати 41°21′57″N 20°38′53″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Малесија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6338 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26021 |
Надм. вис. | 1.325 м |
Локов на општинската карта Атарот на Локов во рамките на општината | |
Локов на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните падини на планината Караорман, а чиј атар се допира со вештачкото езеро Глобочица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.325 метри.[2]
Селото Локов се наоѓа на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Сместен е во центарот на областа Малесија помеѓу градовите Струга и Дебар и се простира на висорамнина од 1.360 метри надморска висина.
Во текот на Втората светска војна, на 26 јули 1943 година, бил создаден малесискиот партизански одред. На 8 јуни 1944 година, по извршената реорганизација на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада се создала првата Македонска народноослободителна ударна бригада.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства и 75 жители мажи.[3]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Локов имало 320 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Локов имало 320 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Локуф (Локва) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Селото е целосно раселено по 1961 година, кога што броело 61 жител, македонско население.[2]
Процесот на миграцијата бил најголем во периодот помеѓу 1945 и 1946 година, кога голем број семејства се иселиле во Војводина, во околината на Прилеп (во Ново Лагово) и во градот Струга. Селото целосно опустело во 1965 година, кога со полнењето на вештачкото езеро Глобочица бил потопен единствениот пат кој го поврзувал селото Локов со градовите Струга и Дебар.
Според пописот од 2002 година, во селото Локов немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 320 | 191 | 223 | 61 | 0 | 0 | 4 | 0 | 0 | 0 |
Локов во минатото било чисто македонско православно село, додека денес е целосно раселено. Сите родови во селото биле доселени.[13]
Стари родови на кои не им се знае местото на старина се: Шукревци (4 к.); Петковци со Неделковци и Ристовци (5 к.) се еден род; Митревци (1 к.), некој нивен предок бил „војвода“ и побратим со Турците во Коџаџик, па им ја предал тамошната тврдина, поради што народот ги проколнувал да немаат повеќе од 3 куќи; Блажевци со Ѓоргијовци, Танчевци, Близнаковци или Петревци, Глигуровци и иселените Милевци (13 к.) се еден род; Беќаровци со Димовци (4 к.) и Јовчевци со Србиновци и Блажевци (1 к.).
Родови доселени со позната старина: Стојковци (11 к.), доселени се од селото Шипиница во Долен Дебар (денес во Албанија) и Казимоски Љушо (1 к.), Ром, ковач доселен во 1948 година од селото Мислодежда.
Населението на Локов многу се иселувало. Со што денес селото е целосно раселено.[13]
Во XIX век, Локов било село во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Локов, се наоѓале и селата Богојца, Брчево, Глобочица, Збажди, Мислодежда, Поум, Присовјани и ’Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Локов било седиште на некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]
Во селото постои спомен-дом на првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-домот е поставен на местото на некогашното основно училиште „Наце Николоски“, кое функционирало од 1945 до 1962 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.