Лихов-Даненберг
округ во Долна Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
округ во Долна Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Лихов-Даненберг (германски: Lüchow-Dannenberg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, кој обично се нарекува и како Хановерски Вендланд (Hannoversches Wendland) или Вендланд. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Илцен и Линебург и со сојузните покраини Мекленбург-Западна Померанија (округот Лудвигслуст-Пархим), со Бранденбург (округот Пригниц) и со Саксонија-Анхалт (окрузите Штендал и Алтмаркрајс Залцведел).
Округот е именуван по двата поголеми града. Познат е и под името Вендланд, што доаѓа од германизираното име на Западните Словени, Венди, кои живееле тука до XVIII век — последниот говорник на локалниот дијалект на полапскиот јазик починал во 1752 година. Пејзажот е карактеризиран од речните шуми долж реката Елба и ниските ридови.
Дополнително, Вендланд е познат по малото село Горлебен, каде е планирано да се складира радиоактивен отпад. Моментално, во селото постојат објекти за привремено складирање на овој тип на отпад.
Во средниот век, грофовиите Лихов и Даненберг се протегале во оваа област (од раниот XII век). Овие грофовии првично биле словенски држави, кои ја изгубиле својата независност од Војводството Брауншвајг-Линебург на почетокот на XIV век.
Областа била владеена од Линебург до 1705 година, а потоа била дел од Изборното кнежевство Хановер. Кога Кралството Хановер било припоено од Прусија (1866), окрузите Лихов и Даненберг биле основани во рамки на новата покраина Хановер.
Во областа се користел полапскиот јазик до XVIII век.
Во 1932 година, двата округа Лихов и Даненберг биле споени во моменталниот округ со Даненберг како главен град. Во 1951 година, административното седиште било преместено во Лихов.
Од крајот на 1990-тите години, финансиските проблеми на општините во округот станувале поголеми. За заштеда на пари за администрација биле предложени неколку решенија. Првата варијанта била претворање на округот во урбан округ, во кој 27. општини ќе станат окрузи на еден град. Друга опција била спојување на две општински заедници. Распуштање на округот и спојување на двете преостанати општински заедници во окрузите Линебург и Илцен, исто така, се разгледуваат.
Грбот прикажување:
Слободни области | Општински заедници | ||
---|---|---|---|
|
|
| |
1седиште на општинската заедница; 2град |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.