![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/03/Lise_Meitner_%25281878-1968%2529%252C_lecturing_at_Catholic_University%252C_Washington%252C_D.C.%252C_1946.jpg/640px-Lise_Meitner_%25281878-1968%2529%252C_lecturing_at_Catholic_University%252C_Washington%252C_D.C.%252C_1946.jpg&w=640&q=50)
Лиза Мајтнер
австриски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лиза Мајтнер (7 ноември 1878 година - 27 октомври 1968 година) била австриско-шведски физичар која работела на радиоактивноста и јадрената физика. Мајтнер, Ото Хан и Ото Роберт Фриш ја предводеа малата група научници кои за првпат ја забележале јадреното цепење на ураниумот при впивањето на дополнителен неутрон; резултатите подоцна биле објавени во почетокот на 1939 година.[4][5] Мајтнер, Хан и Фриш согледале дека процесот на цепење, односно цепењето на атомското јадро на ураниумот во две помали јадра, мора да биде придружено со огромно ослободување на енергија. Нивното истражување за јадрено цепење им помогна во развојот на пионерските јадрени реактори да создаваат електрична енергија [6] како и на развојот на јадрените оружја во текот на Втората светска војна .
Лиза Мајтнетр | |
---|---|
![]() Лиза Мајтнер во 1946 година | |
Роден(а) | 7 ноември 1878[1][2] Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 27 октомври 1968(1968-10-27) (возр. 89) Кембриџ, Англија, Обединето Кралство |
Почивалиште | Црква Св. Џејмс, Хемпшир |
Државјанство | Австрија (пред 1949), Шведска (по 1949) |
Полиња | физика |
Установи | Институт Кајзер Вилхелм Берлински универзитет, Лабораторија Мане Зигбан Стокхомски универзитет |
Образование | Виенски универзитет |
Докторски ментор | Франц Екснер |
Други ментори | Лудвиг Болцам Макс Планк |
Докторанди | Арлонд Фламерсфелд Кан Чанг Ванг Никола Рил |
Други значајни студенти | Макс Делбрик Ханс Хелман |
Познат по | јадрена физика |
Влијаел врз | Ото Хан |
Поважни награди |
|
Потпис![]() |
Мејтнер најголемиот дел од својата научна кариера ја поминала во Берлин, Германија, каде што била професор по физика и раководител на одделот на Институтот Кајзер Вилхелм; таа е првата жена што станала професорка по физика во Германија. По доаѓањето на нацистите на власт, таа ги изгубила правата на работа во 1930-тите години поради анти-еврејските Нирнбершки закони на нацистичка Германија, а во 1938 година пребегнала во Шведска, каде што живеела многу години, со што станала шведски државјанин.
Мајтнер добила награди и почести при крајот на својот живот. Истовремено, таа и Ото Фриш не биле вклучени како добитници на Нобеловата награда за хемија во 1944 година која била доделена за јадрено цепење, која беше доделена исклучиво на нејзиниот долгогодишен соработник Ото Хан. Неколку научници и новинари ја нарекоа исклученоста „неправедна“. Сепак, Мајтнер има добиено многу посмртни почести, вклучително и именување на хемиски елемент 109 мајтнериум во 1992 година.[7][8][9][10] Според архивата на Нобелова награда, таа била номинирана 19 пати за Нобелова награда за хемија помеѓу 1924 и 1947 година, а 29 пати за Нобелова награда за физика помеѓу 1937 и 1965 година.[11] И покрај тоа што не ја доби Нобеловата награда, Мајтнер била поканета да присуствува на состанокот на Средбите во Линдау во 1962 година.[12]