![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/71/Leonard_Cohen_2187-edited.jpg/640px-Leonard_Cohen_2187-edited.jpg&w=640&q=50)
Леонард Коен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леонард Норман Коен (англиски: Leonard Norman Cohen; Вестмаунт, Монтреал, Квебек 21 септември 1934 — Лос Анџелес, Калифорнија, 7 ноември 2016 ) — канадски кант-автор, поет и романсиер. Коен ја објавува својата прва збирка поезија во Монтреал во 1956, а својот прв роман во 1963 година.
Леонард Коен | |
---|---|
![]() Коен во 2008. | |
Основни податоци | |
Родено име | Леонард Норман Коен |
Роден(а) | 21 септември 1934 |
Потекло | ![]() |
Починал(а) | 7 ноември 2016 |
Жанр(ови) | фолк, поп |
Занимање/ња | пејач-текстописец, поет, романсиер |
Години на активност | 1956— |
Продукциска куќа/ќи | Columbia Records |
Раните песни на Леонард Коен (најголем дел од кои се дел од албумот Songs of Leonard Cohen од 1968) се под влијание на европските фолклорни мелодии и инструментации, и се испеани со специфичен висок баритонски глас. 1970-тите се период во кој неговата музика ќе остави длабок печат врз развитокот на попот, кабаретскиот стил и светската музика, притоа останувајќи исклучително оригинална и некомерцијална. Од 1980-тите до денес, Леонард Коен во интерпретацијата на своите песни користи многу подлабок бас-баритон глас, најчесто придружен од синтисајзер и женски вокален хор.
Неговото творештво најчесто ја истражува религијата, осаменоста, сексуалноста, како и сложените меѓучовечки односи.
Коеновата музика и поезија има влијаено врз многу уметници и повеќе од илјада препеви и преработки на неговото творештво се досега забележани. Член е на Куќата на славните канадски музичари, како и на Куќата на славните канадски текстописци; носител е и на медалот Редот на Канада, највисокото признание што може да го добие еден канаѓанин. На 10 март 2008 година, Леонард Коен беше примен во Куќата на славата на рокенролот поради неговиот статус на "најголем и највлијателен во ешалонот на текстописците." [1]
Во 2023 година, Ролинг Стоун го рангирало на 103-то место на нивниот список од „200 најдобри пејачи на сите времиња“.[2]